Денес (21.09.2017 година) на свечена церемонија, што се одржа на граничниот премин Блаце, Амбасадата на САД, преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) и Меѓународната програма за помош и обуки при водење кривични истраги (ICITAP), донираше опрема наменета за спречување на незаконско тргување со стоки.

Како дел од долгогодишната соработка во зајакнување на граничната безбедност и спроведување на законот, Соединетите Држави, покрај на Царинската управа, донираа опрема и на Министерството за внатрешни работи – Гранична полиција и на Дирекцијaта за радијациона сигурност. Донацијата, во вредност од 207.000 американски долари вклучува опрема за попречување прекуграничен криминал (видеоскопи, бустери, пејџери за откривање радијација и алат), компјутери, патролно возило и теренски возила.

На свечениот настан присуствуваа Амбасадорот на САД г-дин Џес Бејли, министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски и директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски. Директорот на Царинската управа истакна дека опремата која денес беше доделена, во вредност од околу 60.000 американски долари, ќе биде искористена на најдобар можен начин за постигнување на уште подобри резултати во заштитата на граѓаните и зголемувањето на нивната безбедноста.

 

Blace 2
Blace 2
Blace 3
Blace 3
Blace
Blace
Previous Next Play Pause
1 2 3