Царински инспектори од Одделението за оперативни работи запленија 7 килограми хероин на граничниот премин Богородица.

Имено, на 15.04.2017 година околу 20:15 часот, на граничниот премин Богородица на влез во Република Македонија се пријавило патничко возило со српски регистарски ознаки, управувано од државјанин на Република Србија. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола истиот одговорил дека нема ништо за пријавување, но при контрола на возилото во два акумулатори, од кои едниот бил сместен под хаубата, а другиот во багажниот простор, царинските службеници пронајдоа вкупно 14 пакувања облепени со селотејп трака наполнети со кафеава прашкаста материја, за која по извршеното тестирање на тестер за дрога е утврдено дека се работи за хероин со вкупна тежина од 6,9 килограми.

Осомничениот го набавил хероинот во Истанбул - Турција со намера да го пренесе во Нови Пазар – Република Србија. Царинската управа против лицето поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Велес и осомничениот е изнесен пред судија на претходна постапка.

 

 

Picture 04
Picture 04
Picture 05
Picture 05
Picture 007
Picture 007
Picture 009
Picture 009
Picture 011
Picture 011
Picture 012
Picture 012
Picture 03
Picture 03
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7