Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, техничка стока, обувки, козметички производи и фалсификати.

 Задржани се следните производи:

Девизи

- 9.850 евра, откриени во два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики.

Во првиот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Базел, во џебови од панталоните и јакната биле пронајдни вкупно 18.350 швајцарски франци и 760 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.350  швајцарски франци и 760 евра, противвредност на 10.000 евра – износ што може слободно да се внесе во државата, а 8.000 евра се привремено задржани.

Во вториот случај, во рачна ташна на македонска државјанка, која имала намера да отпатува со лет за Загреб, бил пронајден плик со 3.850 евра, вметнат помеѓу страниците на книга. Патничката не поседувала документ за потекло на парите, поради што 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата, ѝ биле вратени, а 1.850 евра се привремено задржани.

DeviziAerodromSK copy copy

Против патниците ќе бидат поведени прекршочни пријави за сторените прекршоци

Техничка стока

- 3 електронски плочи за стругови, со ознаки FUB-P4M4, FUB-DR3 и FUB-P4R2, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

ElektronskiplociDeveBair

Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Обувки

- 39 пара патики, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените патики, пронајдени во 5 најлонски кеси, сместени на креветот во кабината на возилото,  се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка. Истовремено, поради сомневање дека патиките претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки,

PatikiBogorodica

Царинската управа ќе започне и постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Козметика

- 1.005 парчиња козметички производи (моливи за усни, кармини, маскари за трепки, сенка за очи и пудри за лице), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во 4 картонски кутии, сметени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Kozmetikamobilna

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 6.942 дезодоранси со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.   

Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 8,5 милиони денари, доколку би се продавале како оригинални.

Сомнителните производи се привремено задржани и согласно законските прописи, Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.