Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, сребрен накит, техничка стока, медицинска опрема, делови за мобилни телефони и обувки.

Задржани се следните производи:

Девизи

- 8.900 евра, откриени во два одвоени случаи при личен претрес на тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при личен претрес на возачот на македонски автомобил и неговиот сопатник, привремено се задржани 5.900 евра. Во џеб од панталоните на возачот биле пронајдени 5.900 евра,

Devizi3Tabanovce

а во рачна ташна на сопатникот биле пронајдени 4.000 евра, за кои не поседувале документи за потекло.

Deviz1Tabanovce

Согласно законските прописи на патниците им биле вратени по 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 5.900 евра биле привремено задржани.

Во вториот случај, во џеб од панталоните на возачот на бугарски автомобил биле пронајдени 5.000 евра за кои не поседувал документ за потекло. Како и во претходниот случај на патникот му биле вратени 2.000 евра, а 3.000 евра биле привремено задржани.

Devizi2Tabanovce

Против тројацата патници се поднесени прекршочни постапки.

Сребрен накит

- 496 парчиња сребрен накит (нараквици, прстени, обетки и приврзоци) со вкупна маса од 2.170 грама, откриени при контрола на турски автобус пријавен за влез во државата на  граничниот премин Богородица. Дел од накитот бил пронајден во кеса, завиткана во тренерка и сместена во патна торба на турски државјанин, кој патувал со автобусот, а дел бил пронајден во рачна торбичка што ја носел на рамо и во внатрешните џебови од неговата јакна.

SrebrennakitBogorodica

Накитот, чија вредност е проценета на околу 73 илјади денари, е привремено задржан, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Техничка стока и медицинска опрема

- 1 видео камера марка SONY, откриена при контрола на македонски автобус, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Камерата, пронајдена во кабината за одмор на шоферот покриена со ќебе е привремено задржана, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поведена соодветна постапка.

 VideokameraMedzitlija

- 4 делови од медицинска опрема за лапароскопија (LCD монитор, генератор и инструменти) откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патниот куфер на турски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул.

MedicinskaopremAerodromSK

Непријавената стока е привремено задржана а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 30 парчиња употребувани електрични алати (мотори за сечење дрва и бетон, брусалки, апарати за заварување, хилти, бор-машини и друго), откриени при контрола на германски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

AlatiTabanovce

Непријавените алати, пронајдени на задното седиште и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Делови за мобилни телефони и друга стока

- 154 екстерни батерии за мобилни телефони, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патниот куфер на македонски државјанин кој допатувал со лет од Гетеборг.

EksternibateriiAerodromSK

Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

- 45 футроли за мобилни телефони, ѕидни закачалки и 17 кеси со монистри во разни облици, откриени при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата, на граничниот премин Деве Баир, се пријавиле двајца македонски државјани. Производите биле пронајдени на задното седиште и на полицата позади задното седиште, прекриени со јакни, како и во кеса сместена во багажникот на возилото.

FutrolimonistriDeveBair

Истите се привремено задржани, а против сопатникот, кој се пријавил како сопственик на производите, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Обувки

- 34 пара женски папучи, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.

PapuciBlace copy

Непријавените папучи, пронајдени во повеќе кеси, сместени во багажникот и помеѓу седиштата на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.