На Аеродром Александар Велики-отсек за стоково царинење, царинските службеници спречија обид за нелегелно внесување на 100 грама хашиш смола.

На ден 18.01.2017 година во царинска испостава Аеродром Александар Велики Скопје – отсек за стоково царинење, пристигната е пратка испратена од Словенија, за примач - физичко лице од Скопје, во која стои опис на стока –Samples (1 парче) со вредност од 20 EUR.  При физички преглед на пратката, од страна на царински службеник во присуство на претставник од курирската пошта - превозник на пратката,  е пронајден хашиш смола-наркотична дрога, со тежина од 100 грама.

21.02.01 copy

21.02.02

Царинската управа против осомничениот ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.