Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за криучарење дрога, открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани пари, оружје и муниција, цигари, возило со бункери, делови за возила, тестови за бременост и облека. 

 Дрога

- 2 таблети екстази и 1,5 грама марихуана, откриени од царинските службеници при граничниот премин Табановце, при контрола на шведски автомобил, со кој за излез од државата се пријавиле двајца шведски државјани. Таблетите екстази биле пронајдени во паричник сместен помеѓу предните седишта, додека марихуаната била пронајдена во зипер кесичка, сместена во кутивче од тутун за жвакање, која се наоѓала на патосот кај задните седишта.

07.02.3

Готови пари

- 30.000 евра, откриени во соработка со Министерството за внатрешни работи,  при контрола на грчки автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Богородица, се пријавиле двајца грчки државјани. Во преградата за документи и во преградата меѓу предните седишта, биле пронајдени вкупно 50.000 евра. Согласно законските прописи, на двајцата патници им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а против возачот е поднесенно барање за поведување прекршочна постапка.

07.02.naslovna

Оружје и муниција

- 1 ловечка пушка од италијанско производство, марка FRANCHI, и 88 патрони муниција за лов на птици, откриени во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на грчки авомобил управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавената пушка и муниција, за кои не поседувал дозвола за внес во Република Македонија, се пронајдени на подот позади предните седишта и во повеќе кеси сместени во багажникот. Истите се привремено задржани, а случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.  

07.02.4

Цигари

- 60 штеки цигари Pall Mall со македонски  акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во просторот зад задното седиште и багажникот, се привремено задржани а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

07.02.1

 Возило со бункери

- На граничниот премин Табановце автопат привремено е задржан италијански автомобил во кој биле откриени специјално подготвени бункери наменети за криумчарење стока, кој пријавен за излез од државата, а бил управуван од албански државјанин. Имено, со вадење на задната клупа од горе наведеното возило и отварање на страничните тапацири од десната и од левата страна, пронајдени се две специјално направени електронски брави и две празни шуплини облепени со текстилен материјал за криумчарење на стока. Против возачот е отпочната соодветна постапка.

07.02.7

 Делови за товарни возила

- 1 ламела марка SACHS и 1 хидраулична пумпа марка SIEGEL AUTOMOTIVE, за подигање на кабина за товарни возила, откриени при контрола на бугарски влекач, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во надворешна преграда на кабината, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

07.02.2 copy

Тестови за бременост

- 80 парчиња тестови за бременост марка SURE CHECK, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во просторот помеѓу задното и возачкото седиште, како и под возачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

07.02.6

Облека

- 137 парчиња облека (фустани, хеланки, панталони, фармерки, јакни, корсети и блузи), откриени при контрола на романски автомобил, управуван од романски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени помеѓу седиштата и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

07.02.5

Измами

Во текот на минатата недела се откриени три обиди за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока, од кои  два обиди во царинската испостава Гевгелија и еден обид во царинската испостава Прилеп.

Во царинската испостава Прилеп, увозник од Прилеп пријавил за увозно царинење метални кутии – амбалажи за пакување, со потекло од Кина, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 3%. Поради сомневање во правилното декларирање на стоката, била  земена мостра и доставена за анализа во царинската лабораторија. Од извршената анализа било утврдено дека производите треба да се распоредат во друга  тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 15%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака биле пресметани дополнителни давачки во износ од околу 308 илјади денари.

Во царинската испостава Гевгелија, во два случаи, увозници од Скопје, пријавиле за увозно царинење додатоци за добиточна храна, декларирани во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%. Поради сомневање во правилното декларирање на производите, во двата случаи се земени мостри, и испратени за анализа во Царинската лабораторија. Од извршените анализи констатирано е дека, во двата случаи, добиточната храна со трговски назив Saltech треба да се распореди во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 30% и стапка за ДДВ од 5%, додека добиточната храна со трговски назив  Yea-K треба да се распореди во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. Врз основа на новоутврдените тарифни ознаки пресметани се дополнителни давачки во износ од околу 13 илјади денари. Покрај тоа изготвени се записници за тарифна ознака и спроведени се прекршочни постапки со мандатни казни против увозниците.