Според добиеното известување од Националниот координативен центар за гранично управување, Ве известуваме дека од денес, 14.02.2021 година од 15:00 часот, ГП Богородица/Евзони е отворен за секаков вид на сообраќај.
Исто така, забраната за движење на товарни моторни возила во делот на патниот правец од Благоевград до ГКПП Станке Лисичково и обратно е прекината.


Според добиено известување од Националниот координативен центар за гранично управување, Ве известуваме дека од денес, 13.02.2021 година поради лоши временски услови и големи наноси од снег на територијата на Република Бугарија има времено ограничување односно забрана за движење на товарни моторни возила во делот на патниот правец од Благоевград до ГКПП Станке Лисичково и обратно.

Исто така, поради временските неприлики сообраќајот на Магистралниот пат А-2 Крива Паланка – граничен премин Деве Баир на потегот од с.Узем кон граничниот премин е забранет за движење за товарни моторни возила.

 

 

   

 
 
Според добиеното известување  во попладневните часови (13.02.2021 година) од Националниот координативен центар за гранично управување, сообраќајот за ТМВ во правец Струга - ГП Ќафасан и обратно е затворен. Забраната е поради временски неприлики односно поголеми врнежи на снег.
Од тие причини на ГП Ќафасан - Струга за влез и излез во и од Република Северна Македонија не се пропуштаат ТМВ се до нормално одвивање на сообраќајот.

Според добиеното известување од Националниот координативен центар за гранично управување, Ве известуваме дека од денес, 13.02.2021 година од 15:00 часот па се до друга измена, ќе настапи забраната за влез на товарен сообраќај во Р.Грција поради снежни врнежи и нерасчистени коловози

Вчера (07.01.2021 година во 20,50 часот), по остварен контакт со надлежните гранични служби, добиено е известување дека претходната забрана за сообраќај во периодот од 21.00 до 05.00 часот  која започна на 02.01.2021 година, се укинува и ГП Евзони од 07.01.2021 година од 20.00 часот ќе биде отворен за секаков вид на сообраќај, но и понатаму останува забраната за влез на МКД државјани освен за ТМВ.

Според добиеното известување од Националниот координативен центар за гранично управување, на граничниот премин Дојран забраната за проток на патници и возила ќе продолжи до 11.01.2021 година.

Ве известуваме дека од утре, 24.11.2020 од 05:00 часот па се до 25.11.2020 до 05:00 часот по македонско време, граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на  сообраќај поради штрајк на грчките царински служби.

Ве известуваме дека поради реконструкција на главната разводна табла  зе електрична енергија на ГП Блаце –отсек стоково царинење, утре на 31.01.2020 година во периодот од 08-12 часот  ќе има прекин на електричното напојување на царинскиот терминал  и повремен застој во работата на Царинската испостава Блаце –стоково царинење.


Ве информираме дека имплементирањето во продукција на нова надградена верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM заврши и системот е повторно во функција, а со тоа престанува и примената на хартиена постапка во EXIM.

Ви благодариме на разбирањето.

Царинската управа на Република Северна Македонија, по добиено известување  од страна на грчките погранични органи, информира дека поради најавени лоши временски услови (најава на обилни врнежи на снег):
- на ГП Меџитлија од 06,00 часот на 05.01.2020  до 24,00 часот на 06.01.2020 год. ќе има забрана за влез на товарни моторни возила во Р.Грција
- на ГП Стар Дојран од 05,00 часот на 05.01.2020  до 23,00 часот на 06.01.2020 год. ќе има забрана за влез на товарни моторни возила со носивост од над 1,5 тони во Р.Грција
- на ГП Богородица од 05,00 часот на 05.01.2020  до 24,00 часот на 06.01.2020 год. ќе има забрана за влез на товарни моторни возила во Р.Грција