По најава од страна на грчката царинска служба, Ве информираме дека на ден 19.10.2017, во интервал од 05:00 до 23:00 часот, започнува штрајк на грчките царински службеници.

Според најавите, на граничните премини од грчка страна нема да бидат пропуштани товарни и патнички моторни возила, освен итни случаи, а пешаците слободно ќе можат да се движат.