Поради штрајк на грчките земјоделци oд вчера (30.01.2017) од 16:00 часот,  целосно е стопиран патничкиот и товарниот сообраќај од и за Република Грција на граничниот премин Евзони.

Денес (31.01.2017 година), по добиена инструкција од полиција од 07:15 часот не се пропуштат товарни моторни возила  на излез од Република Македонија  се додека не се расчисти меѓупросторот од товарните моторни возила  кои чекаат  за влез во Република Грција. За секоја нова добиена информација дополнително ќе информираме.