- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 936
Почитувани,
Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација на користење на модулите Систем за наплата и сметководство и Систем за управување со гаранции (АРС/ГМС) на системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД).
Целта на оваа презентација е да се унапреди соработката со економските оператори, при што учесниците ќе имаат можност:
- да се запознаат со можностите кои им се на располагање со овие модули,
- да се информираат за најчестите проблеми или грешки во делот на наплата и гаранции,
- да дадат повратна информација како крајни корисници доколку треба нешто да се подобри
Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 28.12.2021 година (вторник) со почеток во 14,00 часот.
Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 27.12.2021 година (понеделник) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува ОВДЕ
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 712
Списокот на кандидати кои повторно ќе го полагаат вториот дел од испитот (студија на случај) на ден 22.12.20201 година
во 14:00 часот
Р.бр | Име и презиме на кандидатот | Време на полагање | Локација |
1. | ЈОРДАНОВСКИ ДАРКО | 14:00 | Просторија 1 |
2. | ЛАЗАРОВА ИЛИЕВСКА МАРИНА | 14:00 | Просторија 1 |
3. | НАСТОВА ЦВЕТКОВИЌ ДАНИЕЛА | 14:00 | Просторија 1 |
4. | ЏАЈКОСКА БОКЕРЕСКА КРИСТИНА | 14:00 | Просторија 1 |
Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) на ден 23.12.20201 година
во 10:00 часот
р.б | Име и презиме на кандидатот | Време на полагање | локација |
1 | АЛИТИ МУСА | 10:00 | Просторија1 |
2 | АНГЕЛЕСКА ЕЛЕНА | 10:00 | Просторија1 |
3 | БЕРИША ЕМИР | 10:00 | Просторија1 |
4 | БИБЕРОВИЌ АНЕС | 10:00 | Просторија1 |
5 | БЛАЖЕСКА ВЕЛЕСКА АЛЕКСАНДРА | 10:00 | Просторија1 |
6 | ВЕЉАНОСКИ ВЛАТКО | 10:00 | Просторија1 |
7 | ГАВРОСКИ НИНОСЛАВ | 10:00 | Просторија1 |
8 | ГОРБАШЛИЕВА МАКЕДОНКА | 10:00 | Просторија1 |
9 | ДОДИЌ РЕНАТА | 10:00 | Просторија1 |
10 | ЃОРГИЕВСКИ МАРТИН | 10:00 | Просторија1 |
11 | ИЛИЕВСКИ ДРАГАН | 10:00 | Просторија1 |
12 | ЈАНЕВСКИ МАРКО | 10:00 | Просторија1 |
13 | ЈОВАНОВИЌ ДАВОР | 10:00 | Просторија1 |
14 | ЈОВАНОВСКА ТАМАРА | 10:00 | Просторија1 |
15 | КРСТИЌ НИКОЛА | 10:00 | Просторија1 |
16 | МИЛИЕВИЌ ЈЕЛЕНА | 10:00 | Просторија1 |
17 | МИОВСКА ОЛИВЕРА | 10:00 | Просторија1 |
18 | НАСТЕВСКА ВЕРОНИКА | 10:00 | Просторија1 |
19 | НИКОЛОВСКИ МАРТИН | 10:00 | Просторија1 |
20 | НИКОЛОСКИ ДАНИЕЛ | 10:00 | Просторија1 |
21 | ПЕТРУШЕВИЌ МАРКО | 10:00 | Просторија1 |
22 | ПЕЦОВА ТЕОДОРА | 10:00 | Просторија1 |
23 | САПЛАМАЕВА ПЕТРА | 10:00 | Просторија1 |
24 | ТАНОВ ПЕТАР | 10:00 | Просторија1 |
25 | ТРАЈКОВСКА ДОБРИЦА | 10:00 | Просторија1 |
26 | ЌИРИЌ СТЕФАН | 10:00 | Просторија1 |
27 | ЦВЕТАНОВСКИ ЈАНЕ | 10:00 | Просторија1 |
28 | ЏАВИТИ ЕЛФАТИ | 10:00 | Просторија1 |
На оние кандидати кои по прв пат го полагаат испитот за лиценциран застапник, Решенијата за исполнети услови ќе им бидат поделени на деното на полагањето.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 750
Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 25.1.2022 година.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 920
Почитувани,
Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација на тема Одлука за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2022 година, која е составен дел на Законот за Царинска тарифа.
Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со измените на Царинската тарифа за 2022 година со која се усогласени:
- системот на имиња и нумерички ознаки (номенклатурата),
- единечните мерки,
- забелешките кон соодветните оддели и глави
со номенклатурата на Комбинираната номенклатура на Европската унија.
Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 23.12.2021 година (четврток) со почеток во 14,00 часот.
Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 22.12.2021 година (среда) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува ОВДЕ
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 866
Почитувани,
Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација за почеток на примена на новите алтернативни применливи правила на потекло во Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.
Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со новините од областа на потекло на стока кои стапија на сила и се применуваат од 3ти ноември 2021 година по објавата во Службен весник број 245/2021.
Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 17.11.2021 година (среда) со почеток во 14,00 часот.
Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 16.11.2021 година (вторник) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува ОВДЕ
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 883
Почитувани,
Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација на Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2022 година.
Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со сите измени и нови тарифни ознаки што ќе се применуваат од 1-ви јануари 2022 година. Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа се менува секоја година со цел усогласување со Комбинираната номенклатура на Европската унија, а во 2022 година се воведуваат и многу нови тарифни броеви и подброеви согласно номенклатурата на Хармонизиран систем.
Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 25.11.2021 година (четврток) со почеток во 13,00 часот.
Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 23.11.2021 година (вторник) на следната адреса на електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и да наведат име и презиме на учесникот, компанија каде се вработени и адреса на електронска пошта на која ќе биде доставена поканата.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 721
Почитувaни,
Во врска со Известувањето за организирање на вонредна дополнителна обука за оние лиценцирани застапници на кои им е одземена лиценцата по основ за непосетување на две последователни дополнителни обуки, објавено на ден 12. 8. 2021 година, ве известуваме дека овие обуки се одложуваат.
Сите пријавени лиценцирани застапници ќе бидат навремено известени за новите термини, како и за останатитеинформациие поврзани со овие обуки.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 1145
Почитувани кандидати,
Комисијата за спроведување и полагање на стручен испит за лиценциран застапник ги разгледа вашите Барања за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, при што констатира дека подолу наведените кандидати ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит, предвидени во член 13 став 1 од Законот за вршење работи за застапување во царински постапки.
Списокот на кандидати кои ги исполнуваат условите и кои ќе го полагаат стручниот испит I дел (теоретски дел) на ден 08.03.2021 година
во 13:50 часот
р.б | Презиме и име | Место на раѓање | Време на полагање | локација |
1. | МАРИНЕЛА ТОШЕВСКА | Скопје | 13:50 | Просторија 1 |
2. | МАРКО ПЕТРУШЕВИЌ | Куманово | 13:50 | Просторија 1 |
3. | НИКОЛА КРСТИЌ | Куманово | 13:50 | Просторија 1 |
4. | НИНОСЛАВ ГАВРОСКИ | Тетово | 13:50 | Просторија 1 |
5. | ЕЛФАТИ ЏАВИТИ | Скопје | 13:50 | Просторија 1 |
6. | ЗОРАН СТАМЕСКИ | Струга | 13:50 | Просторија 1 |
7. | САШО КОЦЕВ | Штип | 13:50 | Просторија 1 |
8. | КРИСИТНА Б. ЏАЈКОСКА | Охрид | 13:50 | Просторија 1 |
9. | ТОДОР АНЃЕЛКОСКИ | Охрид | 13:50 | Просторија 1 |
10. | СТАНЧЕ ПЕТРЕСКА | Охрид | 13:50 | Просторија 1 |
11. | РОБЕРТ МАКРЕСКИ | Прилеп | 13:50 | Просторија 1 |
12. | ГОЦЕ СТОЈАНОВСКИ | Скопје | 13:50 | Просторија 1 |
13. | ИРЕНА Д. АЛЕКСОВ | Битола | 13:50 | Просторија 1 |
14. | ВИНЕТА К. СТОЈАНОСКА | Прилеп | 13:50 | Просторија 1 |
15. | ДОБРИЦА ТРАЈКОВСКА | Куманово | 13:50 | Просторија 1 |
16. | ДАРКО ЈОРДАНОВСКИ | Скопје | 13:50 | Просторија 1 |
17. | ДАМЈАН СОТИРОВСКИ | Скопје | 13:50 | Просторија 1 |
18. | ТОДОР ТОФИЛОСКИ | Гостивар | 13:50 | Просторија 1 |
19. | МАРИНА И. ЛАЗАРОВА | Скопје | 13:50 | Просторија 1 |
20. | ВИДАН ТАСЕВ | Струмица | 13:50 | Просторија 1 |
21 | ДАНИЕЛА Ц. НАСТОВА | Неготино | 13:50 | Просторија 1 |
22 | НАТАЛИЈА АНДОНОВА | Скопје | 13:50 | Просторија 1 |
23. | ХРИСТИЈАН ПАВЛОСКИ | Скопје | 13:50 | Просторија 1 |
Кандидатите наведени во Списокот ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит прв дел (теоретски дел). Полагањето започнува во 13:50 часот на Правниот факултет во Скопје
Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат лична карта заради нивна идентификација. Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:
Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.
Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.
Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.
Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.
Решението за исполнети услови за полагање на стручен испит за лиценцирани застапници, на секој кандидат, ќе му биде врачено на денот на полагањето на испитот.
Напомена:
Оние кандидати кои кон Барањето за полагање на стручен испит за лиценциран застапник доставиле „Изјава за резултати“ од положен странски јазик (Statement of results), и не успеале да го обезбедат Сертификатот за положен странски јазик, испитот ќе го полагаат во наредните сесии, така што во рокот кој ќе биде определен за пријавување, задолжително ќе треба да ги достават Сертификатите во копија заверена на нотар.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 2146
Почитувани,
Согласно препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување на јавни масовни собири, Царинската управа ги одложи закажаните дополнителни обуки за царински застапници, што требаа да се одржат во март, април и мај.
Царинската управа ве известува дека започнува со организирање на онлајн обука за првата група на пријавени учесници што ќе се одржи од 06.-09.10.2020 година. Обуката ќе се одржи според следниот распоред што може да го најдете на следниот линк:
Учесниците кои треба да ја посетуваат обуката во овој термин, се наведени во листа која може да ја најдете на следниот линк:
Листа на учесници Термин 1 Online
Напоменуваме дека сите учесници ќе бидат контактирани од Одделението за обуки преку електронска пошта (на адресата која е оставена како контакт во Пријавата за дополнителна обука)
Доколку некој од наведената листа не биде контактиран задолжително да се пријави на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Во случај на било какви измени во врска со дополнитената обука, учесниците ќе бидат известени по електронска пошта.
За останатите термини за одржување на дополнителните обуки и листите со учесници, учесниците ќе бидат дополнително информирани.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 2653
Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19 и 275/19), Законот за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15и 30/16), Одлуката за продажба на движни ствари – моторни возила бр. 44-6185/1 од 22.06.2020 година („Сл. весник на РСМ” бр. 169/20), донесена од Владата на Република Северна Македонија
Царинската управа на Република Северна Македонија
ул.Лазар Личеноски бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија објавува
ОГЛАС БР. 1/2020
ЗА
ПРОДАЖБА НА ДВИЖНИ СТВАРИ – МОТОРНИ ВОЗИЛА
Р.бр | Марка/Тип на возило | Регистарски ознаки | Број на шасија | Број на моторот |
Боја на каросерија Боја на каросерија | Год. производство |
Работна зафатнина на мотор Cm3 | Сила на мотор KW | Пoчетна цена без ДДВ |
1 | Landrover Frelander | SK-808-МL | SALLNABG22A236242 | 25K4F/N64223407 | бела | 2002 | 2497 | 130 | 16.600,00 |
2 | Opel Frontera | SK-5830-AK | WOLO6BG762V50256 | Y22DTH17B97041 | зелена | 2002 | 2172 | 85 | 19.990,00 |
3 | Skoda Felicija | SK-1225-AR | TMBEHH61317358309 | AEF368377 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
4 | Skoda Felicija | SK-346-NC | TMBEHH61317357169 | AEF368386 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 5.600,00 |
5 | Seat Inka | SK-685-KN | WDB9046131R765618 | 1Y894915 | бела | 2001 | 1896 | 47 | 11.290,00 |
6 | Lada Niva | SK-267-SP | XTA21214081301386 | 21214/9233286 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
7 | Lada Niva | SK-254-SP | XTA21214081901318 | 21214/9233426 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
8 | Skoda Felicija | SK-5746-AK | TMBEHH61317358584 | AEF/368572 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 7.800,00 |
9 | Lada Niva | SK-1395-AD | XTA21214081904673 | 21214/9242037 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
10 | Skoda Felicija | SK-564-ЈV | TMБEHH613Y7304740 | AEF351843 | бела | 2000 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
11 | Skoda Felicija | SK-549-КP | TMBEHH61315351170 | AEF368508 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
12 | Skoda Felicija | SK-968-КN | TMBEHH61317357012 | AEF/358334 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
13 | Skoda Felicija | SK-769-SI | TMVENN61315349261 | AEF/367695 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
14 | Opel Astra | SK-871-MU | WOLQTGF6935031167 | R18A1-2046851 | темно плава | 2002 | 1995 | 74 | 9.400,00 |
15 | Lada Niva | SK-753-SO | XTA21214081304531 | 21214/9241542 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
16 | Volksvagen Touareg | SK-348-ОМ | WVGZZZ7LZ5D021664 | BAC/031557 | црнa | 2004 | 2461 | 128 | 23.270,00 |
17 | Skoda Oktavija | SK-872-TF | TMBKS21Z682120252 | BXE938717 | металик сива | 2008 | 1896 | 77 | 15.430,00 |
18 | Lada Niva | SK-268-SP | XTA21214081904675 | 21214/9241793 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
19 | Skoda Felicija | SK-026-LO | TMBEHH61317358587 | AEF368580 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
20 | Lada Niva | SK-754-SО | XTA21214081904554 | 21214/9241540 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
21 | Seat Inka | SK-686-КN | WDB9046131R765619 | 1Y894921 | бела | 2001 | 1896 | 47 | 11.290,00 |
22 | Skoda Felicija | SK-132-NM | TMBEHH613Y0269011 | AEF367741 | темна зелена | 2001 | 1891 | 47 | 5.800,00 |
23 | Skoda Felicija | SK-876-MC | TMBEHH613Y5280197 | AEF351990 | темна зелена | 2000 | 1891 | 47 | 8.200,00 |
24 | Opel Frontera | SK-520-МG | WOLO6BG762V502587 | Y22DTH17C10708 | бела | 2002 | 2172 | 85 | 19.990,00 |
25 | Lada Niva | SK-748-SО | XTA21214081904546 | 21214/9241820 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
26 | Skoda Felicija | SK-719-КN | TMBEHH61315349357 | AEF368021 | темна плава | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
27 | Opel Astra | SK-435-МP | WOLOTGF6935029593 | Y20DTH17D63505 | сина | 2002 | 1995 | 74 | 8.200,00 |
28 | Skoda Felicija | SK-713-NA | TMBEHH61317358419 | AEF368551 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 7.400,00 |
29 | Skoda Felicija | SK-561-JV | TMBEHH613Y7301087 | AEF352463 | темна зелена | 2001 | 1891 | 47 | 7.400,00 |
30 | Mazda 121 | SK-886-OH | JCMBXXBAJBTA47683 | JJATA47683 | црвена | 1996 | 1324 | 7.400,00 | |
31 | Skoda Fabija | SK-025-LO | TMBPH16Y2234533130 | AZE052854 | бела | 2002 | 1,4 | 44 | 8.000,00 |
32 | Opel Kombo | SK-356-NC | WOLOXCF0633008859 | Y17DTL/0550500 | оторена плаво | 2002 | 1686 | 48 | 12.780,00 |
33 | Peugeot Boxer | SK-290-МF | VF3233J4215881038 | 10FZ1R0348368 | бела | 2000 | 2446 | 87 | 20.000,00 |
34 | Lada Niva | SK-251-SP | XTA21214081901383 | 21214/9233285 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
35 | Skoda Felicija | SK-134-NM | TMBEHH613Y5280220 | AEF351322 | темна зелена | 2000 | 1891 | 47 | 9.200,00 |
36 | Opel Astra | SK-960-МD | WOLOTGF6935030565 | Y20DTH17D65126 | сина | 2002 | 1995 | 74 | 10.800,00 |
37 | Lada Niva | SK-395-SP | XTA21214081901020 | 21214/9234082 | бела | 2008 | 1690 | 59,5 | 12.850,00 |
38 | Mazda 6 | SK-9038-AL | JMZGY19R201166319 | RF/87328 | металик плава | 2004 | 1998 | 100 | 15.400,00 |
39 | Volkswagen Transporter | SK-056-ОL | WV2ZZZ7HZ5H008558 | AXB050700 | бела | 2004 | 1,9 | 77 | 11.800,00 |
40 | Audi A6 | SK-957-OH | WAUZZZ48Z1N106961 | APU085172 | црнa | 2001 | 1781 | / | 17.800,00 |
41 | Skoda Felicija | SK-7724-AL | TMBEHH61315349218 | AEF367916 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 9.000,00 |
42 | Skoda Felicija | SK-132-LD | TMBEHH61315349218 | AEF/368425 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 9.400,00 |
43 | Skoda Felicija | SK-129-LD | TMBEHH61317358292 | AEF368371 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
44 | Rover | SK-836-MS | SARREHWPMXD434539 | 14K2FL29237955 | темно зелена | 1999 | 1396 | / | 8.000,00 |
45 | Skoda Felicija | SK-165-MK |
SK890803/01 | AEF2790212 | сива | / | 1289 | 43 | 6.200,00 |
46 | Skoda Felicija | SK-566-JV | TMBEHH613Y5280150 | AEF/351769 | бела | 2000 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
47 | Skoda Felicija | SK-563-JV | TMBEHH313Y5281070 | AEF352023 | темна зелена | 2000 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
48 | Volkswagen Golf | SK-965-RP | WVWZZZ1JZ5D000467 | ATD/671878 | бела | 2004 | 1891 | 74 | 12.500,00 |
49 | Skoda Felicija | SK-562-JV | TMBEHH613Y528147 | AEF351856 | бела | 2000 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
50 | Skoda Oktavija | SK-873-TF | TMBPKS21ZX82120142 | BXE 939524 | металик сива | 2008 | 1896 | 77 | 15.430,00 |
51 | Skoda Felicija | SK-969-КN | TMBEHH61317387162 | AEF368342 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
52 | Skoda Felicija | SK-144-LD | TMBEHH61317358588 | AEF368577 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
53 | Skoda Felicija | SK-964-КN | TMBEHH61315849231 | AEF367711 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
54 | Zastava Yugo | SK-694-TG | VX1145AOOO1065447 | 128А0641557405 | црвена | 2000 | 1,1 | 40 | 7.500,00 |
55 | Skoda Felicija | SK-143-NM | TMBEHH614X0106564 | AEF267713 | црвена | 1999 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
56 | Skoda Felicija | SK-653-NT | TMBEHH613757019 | AEF368318 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
57 | Skoda Felicija | SK-725-КN | TMBEHH61315349398 | AEF367946 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
58 | Skoda Felicija | SK-509-LR | TMVEHH61317357017 | AEF368335 | бела | 1999 | 1891 | 47 | 5.000,00 |
59 | Mercedes Benz | PG -4647-B | WDB6693621N018072 | WDB6693621N018072 | бела | / | / | / | 15.000,00 |
60 | Landrover Frelander | SK-787-МL | SALLNABG22A237850 | 25K4F/N64227637 | бела | 2002 | 2497 | 130 | 16.600,00 |
61 | Skoda Felicija | SK-679-NA | TMBEHH61317358319 | AEF368550 | бела | 2001 | 1891 | 47 | 10.500,00 |
Вкупна пoчетна цена без ДДВ | 700.120,00 |
- Продавач на движни ствари – моторни возила е Министерство за финансии,Царинска управа на Република Северна Македонија
- Предмет на продажба се движни ствари – моторни возила и тоа: вкупно 61 моторн патничко возило, по принципот видено-понудено-купено.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите од Огласот и кои поседуваат Дозвола за собирање, третман или преработка на отпад согласно член 72 од Законот за управување со отпад со впишана шифра 16.01.04 кои се однесуват на искористени возила согласно Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/05) и Правилникот за мерките за заштита на животната средина кои мораат да ги преземат производителите, сопствениците и субјектите кои постапуваат со искористени возила, нивните компоненти, материјали, целите и роковите за нивно постигнување и начинот и условите за складирање, формата и содржината на образецот за известување како и начинот на водење на евиденцијата (Службен весник на Република Македонија "бр.108/09 и 164/10).
- Рок за поднесување на пријавите за учество на електронското јавното наддавање е до 31.07.2020 година, заклучно до 23:59 часот.
- Јавното наддавање ќе се врши електронски на следната интернет адреса http://e-aukcii.finance.gov.mk, на ден 10.08.2020 годинапонеделник со почеток во 10:00 часот.
- Пријавата за учество на јавното наддавање заедно со податоците и доказите утврдени во овој оглас се прикачуваат во електронскиот систем за јавно наддавање на Министерството за финансии.
- Податоците и доказите утврдени во овој оглас заедно со пријавата треба да бидат скенирани во еден pdf документ и истиот се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Изјава”.
- Банкарската гаранција се скенира во pdf документ и се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Банкарска гаранција”.
- Eдинствено банкарска гаранција за сериозност на понудата се доставува и во оригинал по пошта на адреса на Царинска управа или директно во просториите на архивата на Царинска Управа ул. „Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје, во затворен плик на кој е наведен бројот на огласот и е назначено: „за Комисија за располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Република Македонија – корисник Царинската управа на Република Северна Македонија.
- Рокот за доставување на оригиналната банкарска гаранција за сериозност на понудата и прикачувањето на пријавата со задолжителната документација скениерани во pdf на интернет страната http://e-aukcii.finance.gov.mk за учество на јавното наддавање е најдоцна до 31.07.2020 година.
- Јавното наддавањеза продажбата на движните ствари – моторни возила, ќе се изврши заедно, по пат на електронско јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува и оперира Министерството за финансии - Управа за имотно правни работи, со проценета вредност, утврдена согласно Процената од Бирото засудски вештачења на Република Северна Македонија, бр.СВ/ЕL V 37/19 од 19.08.2019 година, во која е проценета вкупна вредност на движните ствари во износ од 700.120,00 денари.
- Почетна цена на електронското јавно наддавање претставува вкупната проценета вредност на движните ствари и истата изнесува 700.120,00 денари.
- Задолжителна документација за учество на јавното наддавање е:
9.1. Пријава пополнета со сите предвидени податоци, со датум не постар од шест месеци, со потпис од одговорното лице и печат од правното лице, електронски во pdf
9.2. Критериум за утврдување на способност на понудувачот:
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција
- забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
9.3. Техничка опременост на правните лица:
- Доказ за поседување на минимум 2 (две) возилa, (камион - авто дигалка со Грејфер),
(сообраќајна дозвола за горенаведените возила)
9.4. Доказ за идентитет:
- Тековна состојба од подносителот на пријавата издадена од Централен регистар на РСМ, со датум на издавање не постар од шест (6) месеци, поднесена електронски во pdf формат заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”;
9.5. Дозволи од надлежен орган кои треба да се приложат:
- Дозвола за вршење на дејност складирање, третман и/или преработка на отпад опишана во точка 3 од оваа објава,
- Дозвола за вршење на дејноста за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад,
9.6. Изјава со која се обврзува дека ако биде избран за најповолен понудувач, во рок од 5 дена од приемот на известувањето за избор ќе пристапи кон склучување Договор за продажба, поднесена електронски во pdf формат со потпис и печат од одговорното лице;
9.7. Изјава – Прилог бр. 2 со која подносителот на пријавата изјавува дека ги прифаќа и е запознаен со условите од Огласот за јавно наддавање
9.8. Банкарската гаранција е за сериозност на понудата и треба да е издадена од банка. Во висина е од 2% (14,002,00) од проценетата вредност на движната ствар и е со рок на важност најмалку 60 дена сметајќи од денот предвиден како краен рок за поднесување на пријавите. Банкарската гаранција за сериозност на понудата на најповолниот понудувач му се враќа веднаш по записничкото примопредавање на движните ствари – моторни возила, а на останатите подносители на пријава се враќа во рок од 15 дена од јавното наддавање. Царинска управа ќе ја реализира банкарската гаранција за сериозност доколку најповолниот понудувач не го склучи понудениот договорот за продажба, не ги превземе на време и не направи записничко примопредавање на движните ствари – моторни возила во предвидениот рок.
-Задолжителните документите не смеат да бидат постари од 6 месеци.
- Постапката за избор на најповолен понудувач ја спроведува Комисија за располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Република Северна Македонија, формирана со решение од директорот на Царинската управа.
- Комисијата нема да даде корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, за понудувач кој:
- поднел пријава за која Комисијата ќе утврди дека е некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација предвидена во овој оглас,
- има неплатени долгови кон ЦУ.
- Јавното наддавање е електронско и ќе се одвива на следниот начин:
- Подносителите на пријави е потребно да се пријават на огласот објавен на страната на Министерството за финансии, да ги испратат личните податоци и документи потребни за регистрација во системот, како и точна e-mail адреса со која се регистрирале во системот http://e-aukcii.finance.gov.mk, за да може Комисијата да го одобри нивното учество во јавното наддавање;
- На подносителите на пријави кои се комплетни и навремени согласно овој оглас, Комисијата преку e-mail им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои доставиле некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација и докази предвидени во овој оглас, им доставува известување (по електронски пат) со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање;
- Подносителите на пријави кои од Комисијата ќе добијат корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата http://e-aukcii.finance.gov.mk со корисничкото име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање;
- Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку на огласот се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите од огласот и ја прифати почетната цена;
- Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат почетната цена;
- Јавното наддадавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда;
- Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, почетната цена на продажбата се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат, без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, почетната цена на продажбата повторно се намалува за 2% од проценета вредност;
- За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на движната ствар – моторни возила.
- Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува Записник за спроведеното јавно наддавање од електронскиот систем кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање и Извештај за текот на јавното наддавање.
- Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.
- Против решението од Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
13. Услов за преземање на движните ствари – моторни возила од страна на избраниот најповолен понудувач е по уплата на паричните средства постигнати на јавното наддавање. Доставата на уплатата на паричните средства се извршува непосредно пред потпишување на Договорот за продажба.
14. Рокот за подигање на предметите изнесува 40 дена од потпишување на договорот за купопродажба. Доколку во наведениот рок не се преземат движните ствари – моторни возила ќе се смета дека купувачот се откажал од предметите на продажбата и уплатената банкарска гаранција за учество нема да му се врати.
15. Сите трошоци во врска со преземањето на движните ствари – моторни возила од плацовите на Царинската управа паѓаат на товар на купувачот.
16. Контакт лице за информации:
- Башким Ќамили, 072 276 314, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Пријава за учество на јавно наддавање