- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 2113
Царинската управа ги поканува сите царински застапници што спроведуваат царински постапки во царинските испостави Скопје 4 и Аеродром Скопје на работен состанок што ќе се одржи во четврток, 31.01.2019 во 12 часот во Амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа под Кале (Лазар Личеноски 13). Исто така на состанокот се повикуваат и компаниите што развиваат софтвер за систем до систем комуникација со новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 1842
Царинската управа на ден 09.01.2019 година ве извести дека на ден 25.01.2019 година со почеток во 14:30 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидатите кои го положиле првиот дел (теоретски), со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во практиката.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 2464
Со ова дополнување на известување ги повикуваме и оние кандидати кои го положиле првиот дел но не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот и се упатуваат на поправен испит, да се пријават доколку имаат намера да го полагаат вториот дел од стручниот испит закажан за 25.01.2019 година со почеток во 14:30 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б. Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 3759
Царинската управа на Република Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок до 28.01.2019 година.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 2165
Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека на ден 25.01.2019 година со почеток во 14:30 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидатите кои го положиле првиот дел (теоретски), со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во практиката.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 9040
Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и 01-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година и број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-18539/2 од 28.12.2018 година, Царинската управа објавува:
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 3506
Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Сл.Bесник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Сл. Весник на РМ) бр.27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и 01-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година и број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-19210/2 од 28.12.2018 година, Царинската управа објавува:
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 1912
Распределбата на квоти за прво тромесечје ќе се изврши на 03-ти јануари 2019 година согласно заклучокот на Владата на Република Македонија број 44-17/112 од 25.12.2018 година, донесен на 112 – та седница одржана на 25.12.2018 година.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 1556
Почитувани,
Ве информираме дека e отстранет техничкиот проблем со EXIM системот и истиот е повторно во функција.
- Детали
- Категорија: Известувања
- Посети: 1477
Почитувани,
Ве информираме дека има технички проблем со процесирањето на барањата преку EXIM системот. Во моментов се работи на негово одстранување и очекуваме дека истиот набрзо ќе биде решен.