Почитувани,

Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација за почеток на примена на новите алтернативни применливи правила на потекло во Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со новините од областа на потекло на стока кои стапија на сила и се применуваат од 3ти ноември 2021 година по објавата во Службен весник број 245/2021.

Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 17.11.2021 година (среда) со почеток во 14,00 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 16.11.2021 година (вторник) со пополнување на регистрациска форма до која се пристапува ОВДЕ