Ве информираме дека во последната верзија 52 на пребарувачот Mozilla Firefox е исклучена поддршката на алатката која ја овозможува опцијата за потпишување во EXIM системот преку овој пребарувач. Од тие причини корисниците кои на своите персонални компјутери ја користат верзијата 52 (или понова) на пребарувачот Mozilla Firefox нема да можат да потпишуваат.

За да можат да потпишуваат со пребарувачот Mozilla Firefox корисниците  треба:

 1. Да користат постара верзија од Mozilla Firefox 52. Истовремено треба да го исклучат автоматското ажурирање на овој пребарувач или

 2. Да користат Firefox ESR (Mozilla Firefox Extended Support Release), кој ќе продолжи со поддршката на потребните алатки  за потпишување во EXIM до верзија 59. Тековната верзија на  Firefox ESR е 52 и истиот може да се преземе преку следниот линк: https://www.mozilla.org/en-US/firefox/organizations/all/