Со пуштање на стока во слободен промет странската стока добива статус на домашна стока. Стоката се става во постапка на пуштање во слободен промет со поднесување на царинска декларација во електронска форма во Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) и со ставање на стоката на увид.
Датумот на прифаќање на царинската декларација е датум кој се применува за пресметка на увозните и други давачки (ДДВ, акциза и др.) доколку стоката подлежи на увозни давачки.
Времето во кое можат да се поднесуваат царински декларации и други документи поврзани со постапката го објавува испоставата на огласна табла или на друго видно место.
Царинската декларација ја поднесува декларантот или негов застапник. Видот на застапувањето кое може да биде директно или индиректно се наведува во декларацијата кон која се приложува и полномошно со кое се докажува видот на застапувањето. Во декларацијата како застапник може да се јави лице кое ги исполнува условите предвидено со Законот за вршење работи на застапување во царински постапки, односно е имател на лиценца.
Доколку царинската декларација е правилно пополнета, таа се прифаќа веднаш.
Прифаќање на царинска декларација е констатирање на царинскиот орган дека царинската декларација ги исполнува условите за прифаќање и нејзино евидентирање во пропишаната евиденција.
Прегледот на стоката се врши на определени места и во работно време што се определени за царинската испостава.
Кога царинската декларација е проверена, стоката ја пушта царинскиот службеник кој што ја проверувал декларацијата и приложените документи, односно извршил преглед на стоката. Стоката ја пушта веднаш штом се исполнети условите за пуштање на стоката.
На декларацијата мора во системот за обработка на царински декларации да и се даде статус на утврдена декларација со што автоматски се врши и пресметка и книжење на давачките. Износот на утврдените давачки треба да се евидентира пред пуштањето на стоката.
Кога се поднесува и прифаќа непотполна царинска декларација или ако проверката на декларацијата не е конечна, се евидентира само оној износ на давачките што произлегува од привремените податоци и е наведен во рубрика 47 од ЕЦД; за разликата до можниот конечен износ на давачки, треба да се бара инструмент за обезбедување.
Царинскиот долг треба да му се соопшти на декларантот или на неговиот застапник.
Износот на давачките којшто бил соопштен, должникот или друго лице наместо должникот мора да го плати во рок од десет дена од денот кога на должникот му бил соопштен износот на давачките.
Кога износот на царинскиот долг не е платен или во определениот рок не се приложи соодветно обезбедување се спроведуваат подготвителни дејства за одземање и продажба на стоката.Упатство за постапка на пуштање во слободен промет на пратки кои ги превезуваат брзите пошти
Упатство за сукцесивен увоз
Барање за сукцесивен увоз
Барање за сукцесивен увоз-ЗУЈ
Упатство за спроведување на постапка за увозно царинење
Барање за преглед на стока
Барање за преглед на стока-ЗУЈ
Барање за преглед на стока заради утврдување на преференцијално потекло
Барање за преглед на стока заради утврдување на преференцијално потекло-ЗУЈ
Барање за преглед на стока на место различно од местото одредено за таа цел од страна на Царинскиот орган и преглед на стока во време различно од работното време на Царинскиот орган на барање на декларантот
Барање за преглед на стока на место различно од местото одредено од страна на Царинскиот орган
Барање за преглед на стока на место различно од местото одредено од страна на Царинскиот орган-ЗУЈ
Упатство за крајна употреба и повластен тарифен третман на стока
Образац КТ5
Образец КТ5-ЗУЈ
Прилог 27-Образеци на Барања и Одобрениja