Обврски на имател на акцизна дозвола
Држателот на акцизен склад е должен:
- да обезбеди соодветно чување на акцизните добра во акцизниот склад;
- да ги надгледува и да ги декларира кај надлежниот царински орган сите постапки на производство, преработка, складирање, испорака и прием на акцизни добра;
- да ги констатира загубите, односно кусоците на акцизните добра и да го извести надлежниот царински орган;
- да проверува дали постојат било какви неправилности во работењето со акцизниот склад;
- да обезбеди услови за непречено вршење на надзор и контрола;
- да води уредна и точна евиденција на акцизни добра;
- да го следи обезбедувањето на акцизата и доколку е потребно да го зголеми износот на гаранцијата и
- да го извести надлежниот царински орган за секоја промена на податоците и/или условите под кои е издадена акцизната дозвола и да побара измена на акцизната дозвола.