Увозот за облагородување овозможува увезените репроматеријали или полупроизводи да се облагородуваат (обработуваат, преработуваат, доработуваат или поправаат) за повторен извоз, без да се платат увозни давачки и ДДВ за стоката.

Со пуштање во слободен промет странската стока добива статус на домашна стока. 

За да се пушти стоката во слободен промет, треба да се применат мерките на трговска политика, да се завршат другите формалности пропишани за увоз на стока и да се платат сите давачки пропишани со царински и други прописи. 

Странска стока која е внесена во царинското подрачје на Република Македонија се до моментот на определување на царинско дозволено постапување или употреба на стока е под царински надзор и има третман на привремено чувана стока во царинската испостава каде била ставена на увид или на друго место кое е определено, одобрено и контролирано од таа царинска испостава.