- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 334
Во рамки на Неделата на Централно европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА 2021, што официјално започна вчера во Скопје, денес (15.12.2021 година) се одржува регионална конференција за зајакнување на трговската соработка во Западен балкан / ЦЕФТА регионот, преку воспоставување на заеднички гранични премини и заеднички контроли. Конференцијата е во организација на USAID - EDGE, во партнерство со ЦЕФТА, Транспортната заедница, Групацијата на Светска банка и Министерството за економија на Северна Македонија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 354
Денес преку видео конференциска врска се одржа состанок во рамки на иницијативата Отворен Балкан на кој присуствуваа министри, директорите на царинските управи, како и претставници од нацонални агенции за безбедност на храна, даночни управи и стопански комори од трите земји.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 325
Одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, континуирано спроведуваат акции против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 332
Во рамки на проектот Подобрување на наплата на приходите и даночна и царинска политика во периодот од 6.12—10.12.2021 година се одржа работилница на тема Подготовка на акти за поштенски сообраќај.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 401
Царинската управа започна со реализација на Проектот за имплементација на нов систем за видео надзор и автоматско распознавање на регистарски таблички на возилата кои ја преминуваат границата (CCTV и ANPR), кој се реализира како компонета од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан финансиран со заем од Светската Банка.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 285
Во текот на денешниот ден преку видео конференциска врска се одржа Регионална работилница наменета за споделување искуства со земјите од регионот, во однос на реализацијата на првата фаза од новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window – NSW).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 388
Во врска со информациите изнесени во јавноста, поврзани со запленетата стока која пристигнала на Аеродромот Скопје, Царинската управа ја информира јавноста дека истрагата ја води и е под непосредна контрола и надзор на Јавното Обвинителството за организиран криминал и корупција. Овластените лица на Царинската управа ги преземаат сите мерки и активности по барање обвинителството. За подетални информации, обратете се до надлежното обвинителство.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 474
Претставници на Царинска управа, предводени од директорката г-ѓа Славица Кутиров и заменик директорот г. Муарем Хасани, остварија работен состанок со висока делегација од Стејт Департмент на Соединетите американски држави – Биро за борба против тероризам, како и претставници од Амбасадата на САД во Скопје.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 461
Денес, на граничниот премин Прешево, директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија, г-ѓа Славица Кутиров и Република Србија г. Бранко Радујко, потпишаа Протокол за взаемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 527
Во рамките на твининг проектот - “Improving Revenue Collection and Tax and Customs Policy”, а во соработка со Царинските управи на Република Австрија и Република Хрватска, во период од 29.11. до 3.12.2021 година, царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваат на обука на тема „Darknet Investigations“.