Денес, Царинската управа свечено го одбележа својот јубилеј - 30 години постоење.

На прославата присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерот за финансии  Фатмир Бесими, високи претставници на Владата, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва, државни институции, поранешни директори на Царинската управа, претставници на деловната заедница и други соработници. Почесен гостин на свечениот настан беше Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

На јавното отварање на понуди за учество во тендерската постапка за набавка на сообраќајна светлосна сигнализација и друга опрема на граничните премини Богородица и Дојран, во рамки на Проектот „Развој на гранична инфраструктура помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција“, (со скратено име „Преминуваме граници”), во кој како партнери учествуваат Царинската управа и Министерството за внатрешни работи од Република Северна Македонија, не беше поднесена ниту една понуда.

Поради горенаведеното, Царинската управа на својата веб страна го објави документот “Cancelation  of a tender procedure “.

 

CANCELLATION OF A TENDER PROCEDURE

Денес, на Меѓународниот аеродром Скопје свечено беше отворена канцеларијата на Граничната меѓуагенциска единица, поддржана од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC).

Денес  директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров и градоначалникот на општина Струмица г. Костадин  Костадинов, спроведоа акција за засадување на дрвца во централното подрачје на Струмица.

Годинава, Царинската управа на Република Северна Македонија, прославува  јубилејни 30 години од основањето како независна служба. По тој повод, организирани се низа активности за свечено одбележување на јубилејот.

Во насока на поттикнување на свесноста за важноста на чистата околина, дел од активностите што ги организира Царинската управа е седмица на пошумување, при што во текот на цела оваа седмица на повеќе различни локации низ државата ќе бидат засадени дрвца.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6

 

Годинава, Царинската управа на Република Северна Македонија прославува јубилеј – 30 години постоење како независна служба. По тој повод, во период од 04.04.22 -  19.04.22 организираме низа пригодни настани.

Целата програма може да ја погледнете на следниот линк:

 

 

Денес, на граничниот премин Табановце-Прешево, претставници на Царинска управа учествуваа на состанок организиран како дел од заедничките активности на Стопанските комори од Северна Македонија и Република Србија во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Денес, во Скопје се одржа завршна церемонија за еднонеделната обука под покровителство на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, наменета за надградба на знаењата и вештините на царинските службеници во борбата против ширење и спречување на недозволена трговија.

Царинската управа ги информира економските оператори дека поставена табла за користење на приоритетна лента во рамките на иницијативата Отворен Балкан, е наменета за:

- иматели на одобренија за Овластен Економски Оператор (ОЕО) од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија,

Линк ПДФ за преземање на сликата ОЕО

- економски оператори (увозници, извозници, транспоретри, шпедитери) од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија кои учествуваат во меѓусебната трговијата, осносно учествуваат во увозните, извозните и транзитни постпки помеѓу трите земји.

- зелени коридори за стока од ЦЕФТА приоритетната листа

Линк ПДФ за преземање на сликата Open Balkan и Green Lane CEFTA

Приоритетен премин на возилата што пренесуваат овој вид на стока се обезбедува со обележување во возилото, во зависност од категоријата која се применува.

 

 

Денес, во просториите на Царинската управа се оствари протоколарна средба со амбасадорот на Репулика Бугарија  Н.Е. Ангел Ангелов.

 

Директорката на Царинската управа на Република Северна Македонија, м-р Славица Кутиров  вчера и денес учествува на седмиот неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан што се одржува во Будва, Црна Гора.