Денес директорката на Царинската управа Славица Кутиров, оствари средба со директорот на Царинската управа на Република Хрватска Марио Демировиќ, на која се дискутираше за продолжување и интензивирање на  меѓусебната соработка, преку размена на искуства во повеќе актуелни области и теми од царинското работење. Исто така, се разговараше и за теми од заедничкиот твининг проект: „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“, каде вработените на Царинската управа имаат можност да добијат помош од експертите од Хрватска и Австрија, при спроведување на активностите за развој согласно Акциониот план.

Директорите на двете царински служби разменија искуства за активности поврзани со модернизација на најфреквентните гранични премини и внатрешни царински терминали, во насока на олеснување на трговијата, како и за методи за подобрување на капацитетите и организацијата на службата. Стана збор и за тековните проекти кои Царинската управа ги имплементира, со цел поедноставување на царинските постапки, подобрување на капацитетите за царинска контрола и контрола по царинење, намалување на времето на чекање на границите за економските оператори, како и за меѓуинституционална размена на податоци на меѓународно и национално ниво.

На денешната средба беше истакнато долгогодишното стратешкото партнерство помеѓу двете институции, со што се потврдија заложбите за идна соработка, преку примена на најдобрите практики во функција на приближување на Царинската управа кон царините од земјите-членки на Европската унија.

    

    

 

10206202248
2020620224489
3020620224865
Previous Next Play Pause
1 2 3

 

Царинската управа ги известува производителите, увозниците, трговците на големо и трговците на мало дека согласно Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт број 02-1449/1 од 31.05.2022 година донесена од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија вкупниот износ на акцизата почнувајќи од 00:01 часот на 01.06.2022 година изнесува:

Во време на криза и  непредвидливи услови предизвикани од пандемијата, Царинската управа покажа капацитет на брзо и проактивно дејствување и со тоа обезбеди непреченост во глобалниот синџир на снабдување и ефикасна наплата приходи.

Во пресрет на периодот на летни одмори и зголемена фреквенција на патници, a со цел обезбедување на брзо движење на граѓаните преку граничните премини, Царинската управа информира:  

  • Стоката која се наоѓа во личниот багажник на патникот и e за личните потреби се ослободува од плаќање на увозни давачки во вредност до 350 евра во денарска противредност.
  • Дозволено внесување и изнесување на преработки од тутун: 200 цигари, или 100 цигарилоси
  • Дозволено внесување на парфеми 50 грама и тоалетна вода 0,25 литри.
  • Патниците слободно (без пријавување) можат да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра. Над 10.000 евра, патниците се должни да ги пријават. Правилата се исти за резиденти и за нерезиденти.
  • Резидентите (лица со регулиран престој) можат слободно да изнесуваат странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра. Од 2.000 до 10.000 евра, само доколку кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови. При тоа треба да приложат потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка. Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.

Повеќе и подетални информации од Тања Илијоска – управник на Царинарница Гевгелија, на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=hq1dt8t46M4

Во текот на оваа седмица претставници од Царинска управа на Република Северна Македонија остварија студиска посета на Царинската управа на Република Хрватска, во рамки на активностите од Твининг проектот „ Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“, поддржан од Европската Унија.

Глобална зелена царинска конференција, 27.-28.6.2022 година

Инфо и регистрација за настанот може да добиете на следниот линк:

Дигитализацијата клучна за максимално забрзување на царинските процедури.

Олеснувањето на трговијата преку дигитализацијата на царинските постапки и понатамошното забрзување на протокот на граничниот премин Табановце/Прешево преку One Stop Shop беше една од темите на состанокот на Царинската управа на Република Северна Македонија и Царинската управа на Република Србија.

„Овој тип на средби е добар начин да се координираат активностите и да се дадат предлози за подобрување на состојбите на граничните премини. Наш приоритет е максимално забрзување на протокот на стоки, а во исто време да се зголемат напорите за побрза дигитализација што ќе значи уште побрз трансфер. Како земја вложуваме многу во дигитализацијата на царината и тоа веќе дава резултати во нашата поголема функционалност“, изјави директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров на средбата.

Според Кутиров заедничката соработка значително ќе придонесе за понатамошно усогласување на царинските постапки и подобрување на прекуграничната размена на стоки.

Претставници на Царинската управа на Република Северна Македонија на оваа средба, каде присуствуваа и претставници на Министерствата за финансии на двете земји, ги презентираа информатичките системи што се користат во царинското работење - Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи, Интегрираната тарифна околима - ТАРИМ и нивниот развој во насока на воспоставување на интерконективност и интероперабилност со системите на Европска Унија. Стана збор и за регионалната интеграција и електронска размена на прекуграничните документи.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
8
8
9
9
10
10
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

 

Денес во Царинската управа се одржа состанок со високи претставници од тимот на Светска Банка, во врска со имплементацијата на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.

Проектот финансиран со заем од Светска банка опфаќа три компоненти и тоа: воведување на нов Национален едношалтерски систем, модернизација и реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир и воспоставување на нов Систем за видеонадзор.

Царинската управа како водечка институција за имплементација на Национален едношалтерски систем, заедно со агенциите и инспекциските служби учесници во царинските постапки, ќе добијат хармонизирани процеси за обработка на дозволите од прекуграничниот проток на стоки. Со тоа  ќе се овозможи понатамошно забрзување на прекуграничната трговија согласно стандардите и практиките на земјите од Европска унија.

Надградбата на граничниот премин Ќафасан ќе овозможи побрзо завршување на царинските формалности, кое ги вклучува и постапувањето на релевантните инспекциски служби на граница. На граничниот премин Деве Баир, покрај управната зграда ќе се реконструира и пристапниот пат до терминалот за тешки возила со цел непречено користење во зимски услови.  Планирана е и изградба на нова пречистителна станица и поставување на нова колска вага.

Преку новиот Систем за видео надзор, со примена на опрема базирана на најсовремени технологии, ќе се овозможи интеграција со царинските информатички системи. Овој систем ќе биде значајна алатка при спроведување на надлежностите за сузбивање на недозволената трговија, шверц и корупција на царинските испостави, пред се на граничните премини.

218052022
318052022
418052022
Previous Next Play Pause
1 2 3
Денес директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров и замeник директорот г. Муарем Асани остварија работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација, г. Адмирим Алити. 

Денес се одржа работилница на тема „Подобрување на економската и царинска соработка во време на криза“, во организација на Kанцеларијата за економски и трговски прашања на Амбасадата на Грција во Скопје, во соработка со Царинската управа. На работилницата беа поканети и претставници од бизнис секторот од Република Северна Македонија и Република Грција, како и земјите од регионот.