Во текот на минатите две недели, царинските службеници неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  клучеви за моторни возила, рутери, цигари, облека, бижутерија и црковни производи.

На 29 октомври 2018 година, во Охрид се одржа работилница со цел промовирање на концептот за Овластен економски оператор (ОЕО) и неговото значење за економските оператори. Ова е трета од низата работилници, организирани од Царинската управа на Република Македонија во соработка со Проектот за УСАИД за регионален економски раст (USAID Regional Economic Growth Project – REG).

Царинската управа на Република Македонија ги поканува економските оператори како и сите заинтересирани странки, да присуствуваат на настанот за Промовирање на концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија и неговото значење за економските оператори, што ги организираме во соработка со Проектот за УСАИД за регионален економски раст (USAID Regional Economic Growth Project – REG). 

Настанот ќе се одржи на 29 октомври 2018 година во хотелот Милениум во Охрид со почеток во 11:00 часот.

Со оглед на тоа што концептот на ОЕО е исклучително интересен и може значително да придонесе кон поедноставувањето и забрзувањето на царинските постапки и олеснувањето на трговијата, очекувам дека ќе предизвика интерес и за Вашата компанија/институција. 

 

 

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 02.10 до 16.10.2018 година  се изготвени. Сите кандидати кои ја посетуваа оваа претходна обука потребно е лично (со документ за идентификација) да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на II спрат во Одделени за кадрови, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од 25.10 до 02.11.2018 година.

Доколку некои од кандидатите се спречени да дојдат во просториите на Царинска управа на горенаведената адреса, Уверенијата ќе им бидат доставени на домашна адреса наведена во пријавата. 

 

Весна Петреска - одговорно лице за стручни и административни работи.

 

 

Денес (24 октомври), во присуство на  претставници на компании членки на Сојузот на стопански комори на Македонија, беа промовирани предностите и придобивките од примената на концептот на Овластен економски оператор.

Делегација на Царинската управа предводена од директорот Ѓоко Танасоски учествува на семинар на високо ниво за перформансите на Царинската унија „Движејќи се кон иднината“. Семинарот се одржува во Виена-Аврстрија на 17-18 октомври, под претседателство на Царината на Австрија (во рамки на Програмата Царина 2020).

Согласно официјална најава од ЕВН Македонија, Ве известувам дека на 19.10.2018 година (петок) на царинска испостава Дојран и царинска испостава Гевгелија, во период од 07:00 до 17:00 часот, како  и на  21.10.2018 година (недела) на царинска испостава Дојран во период од 07:00 до 17.00 часот, ќе има прекин на електрична енергија.

На 16 и 17  октомври 2018 година во Велес, шест царински администрации од Западен Балкан одржaa неформален регионален состанок, организиран на ниво на директори од секторите задолжени за спроведување на законот и царински контроли и истраги.

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) користи податоци од НКТС со кои управува Европската комисија во согласност со Уредбата (ЕУ) бр. 952/2013 за царинскиот закон на Унијата и Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и тие податоци ги собира во база на податоците за увоз, извоз и транзит (IET-Import/Export/Transit). Тие податоци вклучуваат податоци за испраќачот и примачот на стоката и вообичаено се однесуваат на стопанските субјекти, но можат да се однесуваат и на физички лица. Повеќе информации за постапување со личните податоци прибрани од страна на ОЛАФ се наоѓаат во Изјавата за приватност на следниот линкови:

На 16 октомври 2018 година во Скопје, Царинската управа на Република Македонија и Македонско турска стопанска комора (МАТТО) одржаа работилница на која беа презентирани актуелни теми и новитети од областа на царинското работење.