Денес (10.11.2021 година), во просториите на Царинската Управа се одржа состанок помеѓу претставници од Македонски пошти и претставници од Царинска управа. Директорката на Царинската управа - м-р Славица Кутиров и директорот на Македонски пошти - Јани Макрадули, ја потврдија досегашната добра соработка помеѓу двете институции која беше оценета како неопходна и во интерес на олеснување на протокот на писмоносни и други пратки и заштита на безбедноста и здравејто на граѓаните на РСМ.

Во Службен весник на Република Северна Македонија број 245 од 02.11.2021 година е објавена Одлуката за предвремена примена на изменувањето на Протоколот 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

 

Со цел да им се помогне на земјите за намалување на времето и трошоците за прекугранична трговија, Регионалните Комисии на Обединетите Нации спроведуваат  Глобална анкета за дигитални и одржливи трговски олеснувања.

Директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров денес се сретна со претставници на Канцеларијата за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации - UNODC.

Денес се одржа завршна работилница на која беше презентиран финалниот  Блупринт - документ, врз основа на кој во наредниот период ќе се изработи новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window System), кој се реализира во рамките на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан (Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project – WBTTFP), финансиран со заем од Светската Банка.

Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, на Царинската управа и додели опрема за осовременување и подобрување на процесот на обуки.

Оваа година во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, Царинската управа се вбројува меѓу трите највисоко оценети институции според постигнатиот напредок и високо ниво на подготвеност во исполнувањето на критериумите.

Денес во Царинската управа се одржа работен состанок со претставници на турската комапнија Тоббунд од Република Турција, која се занимава со логистика при транспорт на стоки, односно транзит на меѓународни транспортери според условите на Конвенцијата за заеднички транзит, а која инвестира во формирање на регионално преставништво во Република Северна Македонија.

Царинската управа е пријателски ориентирана и секогаш  отворена за средби на кои директно ќе има можност со бизнис заедницата да ги дискутира отворените прашања, како и предлозите за поедностaвување и забрзување на царинските постапки.

Со цел навремено информирање и запознавање на бизнис заедницата со новите преференцијални правила за потекло на стока, Царинската управа денес, во видео формат одржа презентација.