- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 515
Активностите на Поткомитетот за царина и потекло во рамки на CEFTA[1], со кој оваа година претседава Царинската управа на Република Северна Македонија, вклучија организирање на денешната официјална посета на Граничниот премин Табановце, со високи претставници на CEFTA Секретаријатот, ЕУ Транспортната заедница и Советот за регионална соработка.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 606
Во текот на изминатиот месец, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани, цигари, девизи, алати, фалсификати и друго.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 966
Со оваа надградба на апликацијата за дигитално потпишување на пораки во Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), овозможена е применливост на новите типови на дигитални сертификати кои се издаваат од КИБС и МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ. Исто така во СОЦДАД имплементирани се сите промени кои произлегуваат од новиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги поврзани со новите типови на дигитални сертификати со цел непрекинато работење на економските оператори
Новата верзија на апликацијата за дигитално потпишување во СОЦДАД, можете да ја преземете тука.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 758
Царинската испостава информира дека донесена е одлука за промена на работното време во царинска испостава Кавадарци во царинарница Гевгелија која ќе се применува во временскиот период од 09.09.2020 година до 09.10.2020 година, и тоа:
- од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот за царински постапки за увоз и извоз и од 18,00 до 24,00 часот за царински постапки за извоз,
- сабота и недела од 19,00 до 24,00 часот за царински постапки за извоз.
Одлуката за промена на работно време е од времен карактер и истата се донесува за откуп на свежо трпезно и винско грозје во регионот на Кавадарци,бидејќи извозните постапки се спроведуваат во попладневните часови, со што ќе се овозможи намалување на времето на чекање и побрзо и поефикасно спроведување на царинските постапки и олеснување при спроведување на царинските постапки за царинските застапници.
Oнлајн обука на тема „Подготовка на национални технички спецификации на ИТ системите потребни за ЕУ“
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 613
Во рамките на Твининг проектот „Подобрување на наплатата на приходите и даночна и царинска политика“, организирана е онлајн обука на тема „Подготовка на национални технички спецификации на ИТ системите потребни за ЕУ“. Обуката се реализира преку алатката Webex од 31. 08. – 04. 09. 2020 година. Предавачи на обуката се експерти од Република Хрватска.
Целта на обуката е зајакнување на капацитетот на Царинската управа за ЕОРИ 2 во креирањето на деловен концепт како основа за подготовка на техничка спецификација.
Со почит,
Царинска управа на Република Северна Македонија
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 543
Претставници на Царинската управа ќе земат активно учество на виртуелната конференција New World Model (NWM) во организација на World Free Zones Organization.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 488
Во рамките на Твининг проектот „Подобрување на наплатата на приходите и даночна и царинска политика“, организирана е онлајн обука на тема „Подготовка на национални технички спецификации на ИТ системите потребни за ЕУ“. Обуката се реализира преку алатката Webex од 31. 08. – 04. 09. 2020 година. Предавачи на обуката се експерти од Република Хрватска.
Целта на обуката е зајакнување на капацитетот на Царинската управа за ЕОРИ 2 во креирањето на деловен концепт како основа за подготовка на техничка спецификација
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 925
Царинската управа ве известува дека определениот датум за полагање на прв дел (теоретски дел) од стручниот испит за лиценциран застапник на 10.09.2020 година и определениот час за почеток на испитот во 11:00 се одлагаат.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 986
Проектот „Консултација за модернизација на Царинската управа на Република Северна Македонија“, поддржан од страна на Царинска служба на Јужна Кореја започна на 02.06.2020 и продолжува со континуирани активности. Како дел од активностите е и посета од експерти од Јужна Кореја, при што во текот на следните 8 недели ќе бидат реализирани состаноци со менаџментот и со релевантни организациони единици од Царинската управа на РСМ, во делот на царинското работење и ИТ. Овие работни состаноци се во насока на воспоставување на Главен (Мастер) план по анализа на тековниот процес и ИТ-системот на царинската управа и прелог на модел за развој.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 932
Денес во просториите на Царинската управа се одржа состанок помеѓу делегација на Царинската управа предводена од директорот и претставници на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC).