На вчерашната седница Владата ја донесе Стратегијата за развој на информатичко-технолошките и компјутерски системи на Царинската управа за периодот 2021 – 2025, со цел координиран и навремен развој и имплементација на националните системи во рамки на Царинската управа и за нивно поврзување со системите на ЕУ, а со цел остварување стратешките цели.

Делегација на Царинска управа на Република Северна Македонија предводена од директорката м-р Славица Кутиров и заменик директорот г. Муарем Асани присуствуваа на неформален состанок со делегација на Царинска управа на Република Косово предводена од директорот г. Агрон Лугалиу.

На состанокот се дискутираше за започнување на заедничките контроли во царинските постапки во железничкиот сообраќај на граничниот премин Хани и Елезит, согласно неодамна склучениот билатерален договор.  Покрај тоа беа разменети идеи за воспсоставување на зеднички контроли и во патниот сообраќај на граничниот премин Блаце – Хани и Елезит.

Двете страни се договорија и за продлабочување на соработката во повеќе сфери на царинското работење.

2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5

Царинската управа е институција која меѓу првите се вклучи во Планот за борба против корупција усвоен од Владата на Република Северна Македонија и стана дел од новоформираната платформа bezkorupcija.com каде сите граѓани со само еден клик можат да пријават евентуално коруптивно однесување на царинските службеници.

Директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со Заменик директорот г. Муарем Асани оствари работна средба со г. Вернер Тури, Регионален Директор на Царината во Република Австрија и водач на Tвининг проект финансиран од ИПА 2 – „Подобрување на наплатата на приходите и даночните и царинските прописи“.

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 21-24.09.2021 година  се изготвени.

Сите кандидати кои ја посетуваа оваа претходна обука потребно е лично (со документ за идентификација) да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на први спрат во Одделението за царински и даночни постапки, соба број 8 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од 29.09 до 08.10.2021 година.

Доколку некои од кандидатите не се во можност (од било која причина) да дојдат лично и да го подигнат Уверението за посетена претходна обука,  во тој случај Уверението може во нивно име да ги подигне било кое лице од нив ангажирано, кое лице задолжително мора да се легитимира со лична карта.  

Ако и на ваков начин кандидатите не ќе можат да ги подигнат своите Уверенија, тогаш Царинска управа истите ќе им ги доставени на домашна адреса наведена во пријавата.  

Кандидатите кои нема да можат да ги подигнат Уверенијата на претходните два начина односно сакаат Уверенијата да им бидат доставени по пошта на домашна адреса, должни се со електронска порака да го известат одговорното лице за стручни и административни работи, Весна Петреска на следнава е-меил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Во текот на вчерашниот ден, на граничниот премин Свети Наум, спречен е обид за нелегално внесување на девизни средства во Република Северна Македонија.

На влез во државата, во 11:30 часот, се пријавил грчки државјанин со инцијали С.К. (60) како возач на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички. Поради сомнение од страна на царинскиот службеник била извршена контрола на возилото и личен преглед на патниците, при што биле пронајдени и запленети непријавени парични средства во износ од 9.388 евра.

CI Sveti Naum - zaplena na devizi 02
CI Sveti Naum - zaplena na devizi 02
Previous Next Play Pause
1
 

 

Делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија, предводена од директорката г-ѓа Славица Кутиров денес оствари работна посета на Царинската управа на Република Хрватска и се состана со генералниот директор, г. Марио Демировиќ. За време на посетата потврден е заедничкиот интерес за размена на искуства од областа на примена на законодавството на Европската Унија (во делот на царинските прописи и акцизни давачки).

Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес беше во работна посета на граничен премин Блаце - Царинарница Скопје. 

Во просториите на Царинската управа денес се одржа состанок со Државниот пазарен инспекторат. На состанокот беа разгледани практичните аспекти за размена на податоци и информации за ефикасни контроли, како и протоколот за соработка при вршење на заеднички контроли при увоз на масло за горење-мазут.

Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК) од денеска и наредните четири дена, на подрачјето на Охрид и Струга се одржува НАТО вежба.