- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 705
Овој твининг проект,што започна да се применува од јануари 2020 година има специфична цел, насочена кон усогласување на даночното и царинското законодавство, во согласност со релевантното законодавство на ЕУ и најдобрите практики. Целта е да се подобри економската анализа и предвидување на приходите заедно со моделирање и зајакнување на оперативните и административните капацитети на клучните институции во системот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 858
Во насока на зајакнување на соработката со деловната заедница, што е клучен фактор за градење на доверба, промовирање на доброто владеење и забрзувањето и поедноставувањето на царинските постапки, денес се одржа on – line состанок на Советодавното тело при Царинската управа на Република Северна Македонија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 733
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, денес 25.06. заедно со директорите на Царинските управи учествуваше на Состанокот на генералните директори на Светската царинска организација. СЦОа е глобален меѓународен признат центар на царинска експертиза и има водечка улога во развојот, промовирањето и спроведувањето на современи царински системи и процедури. Во услови на пандемијата Ковид-19, состанокот се одржаа преку видео конференциска врска.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1251
Ве информираме дека од понеделник, 29.06.2020 година, ќе биде пуштена во продукција нова надградена верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM. Со новата верзија на EXIM кај сите дозволи ќе бидат воведени позиции, односно редни броеви за сите ставки од дозволите, и ќе се овозможи искористувањето на одобрените количини да се прави по позиции (за секоја ставка поединечно), а не како досега сумарно по тарифна ознака. На овој начин ќе се обезбеди поголема прегледност на одобрените стоки и следливост на искористените количини.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 638
Царинската управа ги известува сите трговски друштва кои се производители, увозници, трговци на големо и/или трговци на мало со нафтени деривати, дека на 22.06.2020 година, донесена е и објавена во Службен весник бр.169/2019 Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, која стапи на сила веднаш.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 600
Постапката на електронска регистрација во системот за е-Акцизи во СОЦДАД, од страна на Дипломатско-конзуларните претставништва и Претставништвата на соодветни меѓународни организации во Република Северна Македонија, е неопходен чекор и се очекува истата да биде направена од страна на Претставништвата.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1085
Ве известуваме дека со завршувањето на вонредната состојба заклучно со датумот 22. 06. 2020 укинати се сите воведени мерки за спречување на внесување и ширење на вирусот COVID-19 донесени со Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба и тоа следните Одлуки:
Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (Сл. весник број 62/20)
Одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за потрошен медицински материја (Сл. весник број 76/20)
Одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 92/20)
Одлука за дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 109/20)
Одлука за ограничување на извозот на пченица и наполница и брашно од пченица и наполница (Сл. весник број 70/20)
Одлука за за изменување и дополнување на одлука за ограничување на извозот на пченица и наполница и брашно од пченица и наполница (Сл. весник број 90/20) и
Одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 ( Сл. весник број 119/20)
Со почит,
Царинска управа на РСМ
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 707
Светската царинска организација (СЦО) со задоволство објавува дека 15-та PICARD годишна конференција на СЦО ќе се одржи како веб-конференција од 23 до 26 ноември 2020 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 559
Како и секоја година, по повод одбележувањето на денот на Царинската управа на Република Северна Македонија (14.04), се искористи можност за изразување на благодарност кон нашите постојани соработници и партнери. Соочени со фактот дека годинава, за жал, поради ситуацијата што ни е позната на ситe, откажан беше традиционалниот свечен настан, плакетите во знак на благодарност за добра соработка беа доделени денес.