- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2838
Царинските службеници на граничниот премин Блаце, на влез во Република Македонија, во соработка со Министерство за внатрешни работи, на 31 октомври 2017 година запленија околу еден тон марихуана, што досега е најголема количина на запленета дрога во еден случај во Република Македонија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2259
Во рамките на мисијата за проверка на усогласеноста на прописите околу контрола на сите извори на јонизирачко зрачење на територијата на Република Македонија, што на предлог на Дирекцијата за радијациона сигурност ја спроведува специјализирано тело на Меѓународната агенција за атoмска енергија, специјализирано за интегриран преглед на регулаторна рамка која се обезбедува од МААЕ (Integrated Regulatory Review Service), во просториите на Царинската управа, вчера (31.10.2017 година) беше презентиран едношалтерскиот систем EXIM за издавање на извозни и увозни дозволи и распределување на тарифни квоти.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2441
Во текот на минатата недела се откриени неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани цигари, домашна ракија, кожни јакни, бунди од природно крзно, облека и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2274
Претставници на Царинската управа, денес (27 октомври 2017 година), одржаа состанок со претставници на Меѓународниот институт за кривично право и човекови права во Сиракуза, во врска со проектот „Зајакнување на борбата против недозволената трговија во Југоисточна Европа“ (Strengthening the fight against illicit trade in South Eastern Europe).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2301
Директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, заедно со министерот без ресор, г-дин Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните компании, денес (25.10.2017 година) во Царинската управа одржаа работен состанок со претставници на околу 15 домашни компании. На состанокот присутни беа претставници и од други државни институции, како што се: Министерството за економија, Министерството за животна средина, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2428
Во текот на минатата недела откриени се една царинска измама, обид за нелегален влез на мигранти и неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани девизи, кујнски ножеви, делови за кафемати, паричници, бижутерија и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2446
Директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски, одржа состанок со г- дин Владимир Пивоваров, национален координатор на Националниот координативен центар за гранично управување (НКЦГУ), тело на Владата на Република Македонија задолжено за координација и соработка со институциите и телата кои имаат надлежност на државната граница.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2902
Во текот на минатата недела се откриени неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани девизи, спортски пушки, кожни ремени, делови за камиони, цигари и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2152
Ве известуваме дека после успешно извршената надградба, Порталот за електронска комуникација повторно е ставен во функција, и е на располагање на економските оператори
Благодариме на разбирањето
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2174
Ве информираме дека Порталот за електронска комуникација (ПЕК), системот за електронска размена на документи со Царинската управа на Република Македонија ќе биде во прекин во периодот од 14:30 часот 13.10.2017 до 11:00 часот 16:10.2017.