Во рамки на Неделата на Централно европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА 2021, што официјално започна вчера во Скопје, денес (15.12.2021 година) се  одржува регионална  конференција за зајакнување на трговската соработка во Западен балкан / ЦЕФТА регионот, преку воспоставување на заеднички гранични премини и заеднички контроли. Конференцијата е во организација на USAID - EDGE,  во партнерство со ЦЕФТА, Транспортната заедница, Групацијата на Светска банка и Министерството за економија на Северна Македонија.

Денес преку видео конференциска врска се одржа состанок во рамки на иницијативата Отворен Балкан на кој присуствуваа министри, директорите на царинските управи, како и претставници од нацонални агенции за безбедност на храна, даночни управи и стопански комори од трите земји.

Одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, континуирано спроведуваат акции против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје.

Во рамки на проектот Подобрување на наплата на приходите и даночна и царинска политика во периодот од 6.12—10.12.2021 година се одржа работилница на тема Подготовка на акти за поштенски сообраќај.

Царинската управа започна со реализација на Проектот за имплементација на нов систем за видео надзор и автоматско распознавање на регистарски таблички на возилата кои ја преминуваат границата (CCTV и ANPR), кој се реализира како компонета од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан финансиран со заем од Светската Банка.

Во текот на денешниот ден преку видео конференциска врска се одржа Регионална работилница наменета за споделување искуства со земјите од регионот, во однос на реализацијата на првата фаза од новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window – NSW).

Во врска со информациите изнесени во јавноста, поврзани  со запленетата стока која пристигнала на Аеродромот Скопје, Царинската управа ја информира јавноста дека истрагата ја води и е под непосредна контрола и надзор на Јавното Обвинителството за организиран криминал и корупција. Овластените лица на Царинската управа ги преземаат сите мерки и активности по барање обвинителството. За подетални информации, обратете се до надлежното обвинителство.

    

    

Претставници на Царинска управа, предводени од директорката г-ѓа Славица Кутиров и заменик директорот г. Муарем Хасани, остварија работен состанок со висока делегација од Стејт Департмент на Соединетите американски држави – Биро за борба против тероризам, како и претставници од Амбасадата на САД во Скопје.

Денес, на граничниот премин Прешево, директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија, г-ѓа Славица Кутиров и Република Србија г. Бранко Радујко, потпишаа Протокол за взаемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО).

Во рамките на твининг проектот - “Improving Revenue Collection and Tax and Customs Policy”, а  во соработка со Царинските управи на Република Австрија и Република Хрватска, во период од 29.11. до 3.12.2021 година, царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваат на обука на тема  „Darknet Investigations“.