- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1950
Почитувани кандидати,
Царинската управа Ве известува дека Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 02.10 до 16.10.2018 година се изготвени. Сите кандидати кои ја посетуваа оваа претходна обука потребно е лично (со документ за идентификација) да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на II спрат во Одделени за кадрови, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од 25.10 до 02.11.2018 година.
Доколку некои од кандидатите се спречени да дојдат во просториите на Царинска управа на горенаведената адреса, Уверенијата ќе им бидат доставени на домашна адреса наведена во пријавата.
Весна Петреска - одговорно лице за стручни и административни работи.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1485
Денес (24 октомври), во присуство на претставници на компании членки на Сојузот на стопански комори на Македонија, беа промовирани предностите и придобивките од примената на концептот на Овластен економски оператор.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1637
Делегација на Царинската управа предводена од директорот Ѓоко Танасоски учествува на семинар на високо ниво за перформансите на Царинската унија „Движејќи се кон иднината“. Семинарот се одржува во Виена-Аврстрија на 17-18 октомври, под претседателство на Царината на Австрија (во рамки на Програмата Царина 2020).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1719
Согласно официјална најава од ЕВН Македонија, Ве известувам дека на 19.10.2018 година (петок) на царинска испостава Дојран и царинска испостава Гевгелија, во период од 07:00 до 17:00 часот, како и на 21.10.2018 година (недела) на царинска испостава Дојран во период од 07:00 до 17.00 часот, ќе има прекин на електрична енергија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1589
На 16 и 17 октомври 2018 година во Велес, шест царински администрации од Западен Балкан одржaa неформален регионален состанок, организиран на ниво на директори од секторите задолжени за спроведување на законот и царински контроли и истраги.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2042
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) користи податоци од НКТС со кои управува Европската комисија во согласност со Уредбата (ЕУ) бр. 952/2013 за царинскиот закон на Унијата и Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и тие податоци ги собира во база на податоците за увоз, извоз и транзит (IET-Import/Export/Transit). Тие податоци вклучуваат податоци за испраќачот и примачот на стоката и вообичаено се однесуваат на стопанските субјекти, но можат да се однесуваат и на физички лица. Повеќе информации за постапување со личните податоци прибрани од страна на ОЛАФ се наоѓаат во Изјавата за приватност на следниот линкови:
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1609
На 16 октомври 2018 година во Скопје, Царинската управа на Република Македонија и Македонско турска стопанска комора (МАТТО) одржаа работилница на која беа презентирани актуелни теми и новитети од областа на царинското работење.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2024
На Интернационалниот Аеродром Скопје, царинските службеници спречија уште еден обид за шверц на наркотични дроги. Откриено е и спречено е криумчарење на 3 килограми марихуана.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1694
Во седиштето на Светската здравствена организација (СЗО) WHO-World Health Organization во Женева, се одржа првиот состанок на Страните (MOP1) на Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи. На состанокот учествуваа делегации од 44 земји-членки на Протоколот, 46 држави кои не се членки на Протоколот, како и претставници од граѓански и меѓувладини организации од повеќе региони во светот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1782
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски на 10.10.2018 година во Царинска управа на Република Македонија одржа средба – отворен ден со учесниците во царинската постапка (увозници, извозници, застапници, шпедитери, производители и транспортери).