- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1434
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани облека, девизи, сефови и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1906
Поради големиот интерес за функционалностите на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) Царинската управа, со поддршка на Проектот на USAID за регионален економски раст – РЕГ организира дополнителен работен состанок.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1295
Денес (06.03.2019 година) во просториите на Царинска управа беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и Виорел Станила, амбасадор на Романија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1381
Денес (06.03.2019 ) во Владата на Република Северна Македонија, се одржа свечен чин на потпишување на Меморандумот за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупцијата и перење пари, со кој започнуваат активностите на институциите за користење на веб апликацијата, која ќе го олесни собирањето и обработката на статистичките податоци за предметите за случаите на корупција и перење пари и други податоци од значење за градење на анти-корупциската политики. Царинската управа активно учествуваше и даде значаен придонес со членство во работната група која ја изготви Методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика како и предметниот Меморандум, со кој се зајакнува меѓу-институционалната соработка во преземањето на активности за превенција и борба против корупцијата и перењето пари.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1593
Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија еден обид за криумчарење наркотични средства и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, еден автомобил, автоделови, облека и цигари.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2109
Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека во период од 04.03.2019 до 15.03.2019 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање стучен испит во писарницата на Царинската управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-OБ.,04.01, кој образец можете да го најдете на линк (пријава за полагање испит).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1331
Во рамки на соработката со Царината на Косово на денешната средба со генералниот директор Бахри Бериша беше договорено интензивирање и продлабочување на размената на информации во врска со потеклото на стоките, вредноста на стоките и воспоставување на заеднички профили на ризик.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1207
Денес, 27ми февруари 2019 година, во организација на програмата EXBS на Амбасадата на САД започна обука - тридневен курс за попречување нелегални активности со патнички возила.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1958
Царинската управа во насока на дигитализација на работните процеси отпочна со активности на проектот Е-Царина, преку кој е планирана употреба на новиот Систем за обработка на царински декларации СОЦДАД.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1867
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани електрични алати, електрични велосипеди, автоделови, обувки, облека, опрема за скијање, цигари, патенти, конец за шиење и фалсификати.