- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1934
Согласно последното Известување број 11-1018/1 од 13.05.2019 година доставено од страна на Регулаторната комисија за енергетика, Царинската управа е информирана дека последната Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата, бр 02-896/1 од 30.04.2019 година, донесена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, престанува да важи по 23,59 часот на 13.05.2019 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1376
Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство, на Царинската управа на Република Северна Македонија и донираше нова софистицирана опрема за пребарување возила. Донацијата ја предадоа британската амбасадорка Рејчел Галовеј и Дејвид Хантли, директор за меѓународни операции, на свечен настан што се одржа денес на 08 мај 2019 година.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1603
Царинската управа Ве известува дека на ден 23.05.2019 година со почеток во 09:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот –студија на случајот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1412
Царинската управа во соработка со Светската царинска организација од 22-24.10.2019 година во Скопје ќе биде домаќин на 14-тата Светска царинска конференција ПИКАРД. Изборот на Царинската управа и на Република Северна Македонија за домаќини на оваа конференција е потврда на реформскиот напредок на Владата на Република Северна Македонија за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1972
Царинската управа во насока на подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготви програма за обука. Согласно оваа програма царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1549
Царинската управа на Република Северна Македонија, на 23.04.2019 година, го промовираше концептот за овластен економски оператор, неговото значење и бенефицијата што ќе ја имаат фирмите, пред бизнис-секторот и студентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1743
Во меѓународната трговија, организациите не се мерат само преку нивниот годишен профит, туку, исто така, и според начинот како ги извршуваат нивните активности. Добивањето на статус на ОЕО потврдува и докажува дека компанијата ги извршува нејзините активности во согласност со правилата и препораките што се релевантни за ефикасноста и безбедноста на нејзините операции. OEO компанијата нуди низа поволности како што се: намалени трошоци за трговски трансакции, приоритет при минување на граница, подобро управување и помалку контроли, меѓународно признавање и поголема вклученост во меѓународните трговски синџири. Повеќе информации на следниов линк:
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1773
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, инсектициди, хербициди, автоделови, алати, мопед, облека, очила, козметика, парфеми, тоалетни води, смартфони, девизи и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1475
Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, остварија средба со бизнисмени и деловни луѓе од овој регион.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1554
На 16.04.2019 година во Атина се одржа билатерална средба помеѓу делегации на Царинските управи на Република Северна Македонија и Република Грција. Состанокот на делегациите се одржа во насока на остварување на стратешко партнерство и зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Договорот од Преспа, како и Акциски план за интензивирање и збогатување на сорабoтката помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, како што е предвидено со Договорот од Преспа, како и соработката на граничните премини.