- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 4378
Царинската управа ве известува дека податоците внесени во времената околина на СОЦДАД ќе бидат префрлени на продукциска околина. Тоа значи дека линковите кон времената околина за поврзување кон СОЦДАД
https://traders-ct.customs.gov.mk/registration-ui ,
https://traders-ct.customs.gov.mk/myAccount-ui и
https://traders-ct.customs.gov.mk/trader-meos-ui
ќе може да ги користите уште денес, до крајот на денот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1368
Царинска управа информира за Одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт утврдени согласно Методологијата, донесена на седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на ден 27.05.2019 година, со примена од 00:01 часот на 28.05.2019 година, за Ваше запознавање и натамошно постапување
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1149
Светката Банка, ИФЦ и Министерството за финансии на Австрија во периодот 22-23.05.2019 организираа регионална работилница за олеснување на трговијата и подобрување на соработка со граничните агенции и приватниот сектор.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 3287
Царинската управа ве известува дека новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) ќе биде пуштен во оперативна примена на 01.06.2019 година. За непречено пуштање на системот во оперативна примена неопходно е одредени активности да бидат преземени од страна на економските оператори, на кои што укажавме на претходно организираните работни состаноци, пред се во однос на обезбедување на пристап до системот и поднесување на барања за издавање на соодветните одобренија. Деталите за начинот на одобрување на пристап до СОЦДАД и начинот на добивање на сите потребни одобренија се дадени во документот во прилог на ова известување.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1818
Царинската управа го донесе новиот Прирачник за овластен економски оператор што претставува заокружување на процесот на усогласување со царинското законодавство на Европската унија во делот кој го регулира статусот ОЕО. Овластениот економски оператор со стекнувањето на статусот има многу оволности како: намалени физички и документарни контроли, приоритет во случај кога е селектиран за контрола, избор на место за контрола, предност при одлучување на поднесени барања во Царинската управа, полесен пристап до царинските поедноставувања и можност за взаемно признавање на издадените одобренија со други земји.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1525
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за нелегален излез на мигранти, како и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани мобилни телефони, моторни фенови за парни котли, делови од систем за наводнување, делови за ролетни, цилиндри за брави, облека и фалсификати.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1978
Царинската управа во насока на подготовка на бизнис заедницата за работа со новиот систем за обработка на царински декларации, а врз основа на барањата од бизнис заедницата подготви програма за обука за работа со модулот за управување со одобренија во царинските постапки и гаранции.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1451
Делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија, присуствува на Семинар на високо ниво за едношалтерски систем во Царината на Европска Унија. Семинарот се одржува во период 16-17.05.2019, во Букурешт, во рамките на претседателството на Романија со Европска Унија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1700
Царинската управа на Република Северна Македонија на 14.05.2019 година во мултимедијалниот центар Јавна соба Скопје, одржа работилница насловена со тема „Овластен економски оператор (ОЕО) и учество на владините органи во неговата примена“.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1393
Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови, козметика, патничко возило, полуприколка, санитарни производи и балони.