Царинската управа во насока на обезбедување на одржлив систем на учење за вработените постојано инвестира во развојот на обучувачки вештини кај вработените. Пренесувањето на знаењето, праксите и градење на капацитетите претставува особена гордост како за Царинската управа, така и за обучените обучувачи.

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, миксета, делови од машина за мешање малтер, облека, обувки, ташни и ремени. 

На 29.03.2018 година во просториите на ЦИ Гевгелија во соработка со г-ѓа Билјана Муратовска од асоцијацијата Макамтранс, се одржа првата обука на царинските службеници од областа на познавање на правилата за користење на меѓународни транспортни дозволи со особен акцент на правилата за користење на ЕКМТ дозволи од страна на странски превозници и нивна контрола.

На 30 март 2018 година, во просториите на Царинската управа се одржа работна средба со цел запознавање со одредбите од новиот Предлог Закон за акцизи кој е во завршна фаза на усогласување. На состанокот присуствуваа производителите и увозниците на алкохолни пијалаци во Република Македонија.

На граничниот премин Деве Баир, царинските службеници спречија уште еден обид за шверц на наркотични дроги. Откриено е и спречено е криумчарење на околу 10 килограми марихуана.

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, пури, ножеви за пури, парфеми, девизи и уреди за системи за видео надзор.

Во период од 19 до 23 март, во просториите на Царинска управа се одржува работен состанок реализиран со поддршка на Проектот за регионален економски развој  финансиран од USAID.  

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, лекови, парфеми, тоалетни води, облека, обувки, ремени, девизи, читачи за патарини, опрема за тетовирање и фалсификати.

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, маслиново масло, црковни предмети, парфеми, цигари, компјутерски делови, водни пумпи и фалсификати.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија, во месеците јануари и февруари 2018 година, до надлежните јавни обвинителства поднесе11 кривични пријави против 4 правни и 10 физички лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Криумчарење“, „Фалсификување исправа“„ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.