Царинската управа на Република Македонија и Агенцијата за лекови и медицински средства на 15 ноември 2016 година потпишаа Меморандум за соработка како резултат на добрата долгогодишна соработка.

16112016memorandum22

Меморандумот е поттик за интензивирање на взаемната соработка во делот на царинското законодавство и законодавството кое ја регулира контролата на лековите и медицинските средства.  Целта на Меморандумот за соработка е да се овозможи високо ниво на заштита на населението од аспект на безбедност на лековите, медицинските средства, граничните производи и препаратите кои содржат опојни дроги и психотропни супстанции, како и олеснување, поедноставување и побрз меѓународен проток на ваквиот вид на стока. 

Со потпишување на Меморандумот, Царинската управа и Агенцијата за лекови и медицински средства изразија волја за унапредување на соработката и јакнење на меѓусебната помош, следење, усогласување, оптимизација и изнаоѓање решенија на евентуални проблеми.