Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 5. 9. 2022 година.
Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, во зависност од мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19, може да се одржи со далечинско учење или може да се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект).
За начинот на одржување на претходаната обука, како и за часот на започнување на предавањата, кандидатите ќе бидат навремено известени.
Царинската управа го задржува правото за измена на терминот за одржување и распоредот на претходната обука, а за сите измени кандидатите ќе бидат навремено известени.
Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.
Уплатата може да се изврши на следната сметка:
Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20
Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и преземе на кандидатот)
Сите кандидати кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:
1. ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и
2. Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.
Пријавата може да ја најдете ТУКА.
Рок за доставување на пријавите: до 25. 1. 2022 година
Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред:
Ред. број | Тема на обуката | Час | Датум |
Царински формалности за ставање на стока на увид на царинскиоргани | 09,30 – 11,30 | 13. 9. 2022 | |
Спроведување на транзитна постапка |
12,00 – 14,00 | 13. 9. 2022 | |
Царински дозволено постапување или употреба на стока | 14,15 – 16,15 | 13. 9. 2022 | |
Царински постапки | 9,30 – 11,30 | 14. 9. 2022 | |
Царинската тарифа | 12,00 – 14,00 | 14. 9. 2022 | |
Потекло на стокa | 14,15 – 16,15 | 14. 9. 2022 | |
Нетарифни мерки и мерки на трговска политика | 09,30 – 11,30 | 15. 9. 2022 | |
Обука од областа на транспорт и транспортно осигурување | 12,00 – 14,00 | 15. 9. 2022 | |
Шпедитерско работење | 14,15 – 16,15 | 15. 9. 2022 | |
Даноци, акцизи и даночна политика | 09,30 – 11,30 | 16. 9. 2022 | |
Вредност на стоката за царински потреби и пресметка на царински и други давачки | 12,00 – 14,00 | 16. 9. 2022 | |
Изготвување и употреба на царинска декларација |
14,15 – 16,15 | 16. 9. 2022 |