vesti

Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на поправен испит за лиценциран застапник за кандидатите кои неуспешно го положија целиот, односно дел од стручниот испит.

Предвиден датум за повторно полагање на целиот стручен испит е 12.10.2016 година.

Предвиден датум за полагање на поправен испит (студија на случаи) е 01.11.2016 година.

Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат Пријава за повторно полагање на стручен испит и соодветно платен надоместок до 23.09.2016 година.

Часот на одржување на испитите дополнително ќе биде објавен на веб страницата на Царинската управа.

Кандидатите кои имаат посетено претходна обука за лиценциран застапник, а не го полагале стручниот испит потребно е до Царинската управа да поднесат Барање за полагање на стручен испит за лиценциран застапник.

Кон барањето се поднесуваат и следниве документи:

  • Уверение за завршено најмалку средно обвразование (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
  • Потврда од овластен царински застапник или имател на одобрение за поедноставени царински постапки кај кого е стекнато најмалку една година работно искуство во областа на царинското работење; 
  • Сертификат за познавање на странски јазик согласно член 13 став 1 т. в од Законот за вршење на работи на застапување во царинските постапки (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
  • Административна такса од 500 + 50 денари;

ПрилогПријава за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник

Прилог: Барање за полагање на стручен испит за лиценциран застапник