Денес директорките на Царинската управа – Славица Кутиров, на Централен регистар - Марија Бошковска Јанковски и на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска, потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со цел успешно спроведување на проектните активности за реализација на Проектот - Надградба на Едношалтерскиот систем.

Надградениот Едношалтерскиот систем вклучува нови услуги преку интеграција на Централен регистар со Царинската управа и Управата за јавни приходи за автоматско добивање на податоци и документи за платени даноци, придонеси и царински давачки, интеграција со Централниот регистар на население, технолошка надградба на потсистемот за размена на податоци со УЈП и банките и други нови функционалности. Активностите вклучуваат поедноставување на процесите и ефикасно спроведување на надлежностите на институциите, како и обуки за вработените и размена на искуства од заеднички интерес, со цел подобрување на квалитетот на испорака на јавните услуги за економските оператори.

Царинската управа контуниурано работи на дигитализација на процесите и поедноставување на царинските постапки, и оваа соработка се очекува да има значаен придонес во таа насока. 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6