- Ве информираме дека со одлука на Владата на Република Северна Македонија привремено се ограничува извозот на основните земјоделско-прехрамбени производи со тарифни ознаки прикажани во табелата.
- Царинската управа согласно одлуката на Владата од вчера вечерта ги имплементира овие измени во своите системи, со што се оневозможува поднесување на декларации за извоз.
- Ограничувањето на извозот од оваа одлука ќе се применува до 20 март 2022 година.