Денес во просториите на Царинската управа се одржа првиот состанок за новиот Проект за имплементација на платформата SEED + (Systematic Electronic Exchange +) за систематска размена на податоци, финансиран од страна на Европската унија. Проектот има регионален карактер, а како договорен орган за негова имплеменатција е Секретаријатот на ЦЕФТА и Царината на Италија. Царинската управа како членка на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) е вклучена во неговата имплементација.

На состанокот, кој беше организиран во хибриден формат, покрај Работна група за имплементација на овој проект формирана во рамките на Царинската управа присуствуваа и одговорните лица за развој и имплементација на проектот, претставници на фито и ветеринарните инспекциски служби, Агенцијата за храна и ветерина и Агенцијата за лекови. Главен акцент беше ставен на воспоставувањето на заедничка соработка помеѓу државните институциите од фито и ветеринарните служби од земјите на ЦЕФТА регионот во подготовката на пилот проектот за меѓусебно електронско поврзување на принцип базиран на искуствата од земјите членки на ЕУ. Царинската управа, како клучна институција ги обединува сите гранични инспекциски служби во рамки на царинските постапки при контрола на влез и излез на стоките во државата, па оттаму нивната синхронизација и брза контрола се клучни во овозможувањето на брзиот проток на стокитѕе и услугите спрема економските оператори.

Проектот за имплементација на SEED+ ќе го поедностави процесот на инспекција и ќе ги намали формалностите во размената на податоци помеѓу различните управи при транспорт на стоки, што дополнително ќе го намали времето на чекање на премините и ќе овозможи помали трошоци за учесниците во прекуграничната трговија.

    

    

seed sostanok 1
seed sostanok 3
Previous Next Play Pause
1 2