Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на  Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-12352/2 од 13.01.2022 година Царинската управа  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2022

за вработување на 64 (шеесет и четири) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2022)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 64 (шеесет и четири) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2022):

  1. Административен оператор за администрирање на енергенти и електрична енергија и моторни возила во Одделение за енергенти и електрична енергија и моторни возила во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  2. Административен оператор за акцизни дозволи и одобренија во Одделение за акцизни дозволи и одобренија во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  3. Административен оператор за надзор, проверка и аналитика во  Служба за надзор, проверка и аналитика во Одделение за надзор, проверка и координација во Сектор за акцизи, 1 извршител,
  4. Административен оператор за спроведување на обуки во Одделение за обуки во Сектор за управување со човечки ресурси,  1 извршител,
  5. Административен оператор во служба за присилна наплата во Служба за присилна наплата во Одделение за наплата на приходи во Сектор за финансиски прашања, 1 извршител,
  6. Самостоен советник за подготовка и реализација на проекти во Одделение за инвестиции, имплементација на проекти и одржување во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител,
  7. Административен оператор за тековно одржување на објекти во Одделение за инвестиции, имплементација на проекти и одржување во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител,
  8. Административен оператор за материјално работење и одземена и отстапена стока во Одделение за материјално работење, основни средства и одземена и отстапена стока во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители,
  9. Административен оператор за прием и доставување во Одделение за канцелариско и архивско работење во Сектор за правни работи, 2 извршители,
  10. Цариник во царинска испостава Скопје 1 во Царинарница Скопје, 3 извршители,
  11. Виш цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје,  3 извршители,
  12. Цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје, 2 извршители,
  13. Цариник во царинска испостава Скопје 3 во Царинарница Скопје, 3 извршители,
  14. Цариник во царинска испостава Пошта Скопје во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  15. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  16. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  17. Цариник во царинска испостава Јажинце во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  18. Административен оператор за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  19. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  20. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  21. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 3 извршители,
  22. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Деве Баир во Царинарница Куманово, 2 извршители,
  23. Цариник во царинска испостава Пелинце во Царинарница Куманово,  1 извршител,
  24. Цариник во царинска испостава Белановце во Царинарница Куманово,  2 извршители,
  25. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Делчево во Царинарница Штип, 1 извршител,
  26. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Делчево во Царинарница Штип, 2 извршители,
  27. Административен оператор за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Гевгелија,  1 извршител,
  28. Цариник во царинска испостава железничка станица Гевгелија во Царинарница Гевгелија, 2 извршители, 
  29. Виш цариник во царинска испостава Струмица во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  30. Цариник во царинска испостава Струмица во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  31. Виш цариник во царинска испостава Кавадарци во Царинарница Гевгелија,  1 извршител,
  32. Цариник во царинска испостава Богородица во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  33. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ново Село во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  34. Административен оператор за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Битола, 1 извршител,
  35. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Меџитлија во Царинарница Битола, 1 извршител,
  36.  Цариник во царинска испостава Стење во Царинарница Битола, 1 извршител,
  37. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид во Царинарница Битола, 1 извршител,
  38. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид  во Царинарница Битола, 1 извршител,
  39. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Ќафасан  во Царинарница Битола,  1 извршител,
  40. Цариник во царинска испостава Блато во Царинарница Битола, 1 извршител,
  41. Цариник во царинска испостава Свети Наум во Царинарница Битола, 1 извршител,
  42. Наплатувач на граничен премин за царинарница Куманово во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Куманово во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители,
  43. Наплатувач на граничен премин за царинарница  Гевгелија во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Гевгелија во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители,
  44. Наплатувач на граничен премин за царинарница Битола во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Битола во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители.

Општи услови за сите работни места:

-            да е државјанин на Република Северна Македонија,

-            активно да го користи македонскиот јазик,

-            да е полнолетен,

-            да има општа здравствена способност за работното место и

-            со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за подготовка и реализација на проекти

-            ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, Архитектура, урбанизам и планирање, Градежништво и водостопанство,

-            активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-            најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

-            нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент), 

-            активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-            без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

-            ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-            активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-            без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Административен оператор

-            ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-            активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-            најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Наплатувач

-            ниво на квалификации: Средно образование,

-            без работно искуство.

 

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

-          Доказ за државјанство;

-          Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

-          Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;

-          Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-          Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

-          Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство);

-          Лекарско уверение издадено од специјалист не постаро од една година.

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Самостоен советник за подготовка и реализација на проекти – 34.113,00 денари, Виш цариник – 32.728,00 денари, Цариник- 24.338,00 денари, Административен оператор – 25.543,00 денари и Наплатувач – 17.843,00 денари,

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.08.2022 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно заклучно со 24.01.2022 година (понеделник).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2022“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.