Царинската управа, како дел од акитвностите предвидени со Меморандумот за соработка со Универзитетот Гоце Делчев од Штип, за студентите на Економскиот факултет  одржа презентација на тема „Процесот на реформа, модернизација и дигитализација на Царинската управа“.

Целта на оваа презентација беше студентите да бидат во тек со новините и измените кои Царинската управа редовно ги воведува во секојдневното работење.

Темите кои беа презентирани се однесуваа на двата правци на модернизација на Царинската управа и тоа Олеснување на трговијата и Дигитализација. Поедноставените постапки и концептот на Овластен економски оператор беа претставени како најзначајни во олеснувањето на трговијата. Во делот на дигитализацијата беа претставени неколкуте ИТ системи на кои се заснова царинското работење: СОЦДАД, Интегрирана тарифна околина - ТАРИМ, EXIM и Новиот компјутеризиран транзитен систем.

Царинската управа и во иднина ќе ја продолжи со сорботката со високообразовните институции со цел зголемување на знаењата на студентите  за надлежностите и улогата на Царинската управа.

 

 

24122021nasvo
2412202111
24122021222
Previous Next Play Pause
1 2 3