Во текот на денешниот ден преку видео конференциска врска се одржа Регионална работилница наменета за споделување искуства со земјите од регионот, во однос на реализацијата на првата фаза од новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window – NSW).

На работилницата, високи претставници од царинските управи од Република Северна Македонија, Република Србија и Албанија ги споделија искуствата стекнати од реализацијата на Проектот и изработката на Блупринт документот за Националниот едношалтерски систем со претставниците од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои се во втора фаза на изработка на Блупринт документот.

Имено, на овој настан, Директорката на Царинската управа и претставници од менаџерскиот тим, кои беа вклучени во активностите од првата фаза на Проектот, дадоа кус осврт на целиот досегашен процес, особено истакнувајќи ги: посветеноста и заложбата на сите инволвирани учесници од страна на институциите кои се вклучени во Проектот, политичката волја и поддршка од страна на Владата, како и соработката со бизнис секторот, како основни предуслови за успешна реализација на истиот.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4