Во рамките на твининг проектот - “Improving Revenue Collection and Tax and Customs Policy”, а  во соработка со Царинските управи на Република Австрија и Република Хрватска, во период од 29.11. до 3.12.2021 година, царински службеници од Царинската управа на Република Северна Македонија учествуваат на обука на тема  „Darknet Investigations“.

Целта на обуката е припадниците на Царинската управа да се запознаат со можностите и начинот како да ги користат информациите преку Darknet како разузнавачки извор, да навлезат во подлабоки разузнавачки анализи поврзани со разни царински прашања особено за шверц и криумчарење на стоки, но и за целите на криминалистичките истраги.

Преку обуката им се овозможува на учесниците да разберат како да постигнат ефективно истражување на локациите на Darknet и да ги претстават и демонстрираат истражните техники кои се поврзани со интернет информации базирани на Darknet, можна идентификација на веб-локации на кои се  промовираат и се продаваат предмети/стока кои се заштитени со закони и прописи за интелектуална сопственост и сајтови на кои се продаваат лекови и медицински производи, шверцувани и криумчарени производи или стоки стекнати со недозволена трговија итн.