Преку видео конференциска врска членовите на Советодавното тело при Царинската управа одржаа состанок кој го предводеше директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров. На денешниот состанок присутните разгледаа материјали поврзани со повеќе актуелни прашања од областа на царинското работење и барањата на деловната заедница и за истите разменија меѓусебни мислења.

На претставниците на деловната заедница им беше презентиран новиот предлог на Законот за застапување во царинските постапки, Студијата на мерење на време на Светската царинска организаија, како и резултатите од Студијата за анализа на давачките за нетарифните бариери. Присутните изразија особено задоволство за ревидирањето на досегашниот Деловник за работа на Советодавното тело, што официјално ќе биде донесен на наредниот состанок на Советодавно тело и ќе биде во насока на унапредување на меѓусебната координација со цел да се олесни протокот на трговијата и да се избегне удвојување на работата.

     

291120211
291120212
naslov29112021
Previous Next Play Pause
1 2 3