Директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров денес беше домаќин на претставници од канцеларијата УСАИД - Економски развој, управување и раст на претпријатијата (USAID- EDGE) - раководителот на канцеларијата г-ѓа Јасминка Варналиева и г-ѓа Гордана Тошева, експерт за олеснување на трговијата.

На средбата беше поздравена досегашната повеќегодишна соработка, особено успешното спороведување на пректот – грант за Зајакнување на ефикасноста на заедничките контроли на граничниот премин Ќафасан, проект кој се реализира во текот на годинава што изминува со поддршка на USAID- EDGE и е во завршна фаза.

Детално се  дискутираше за можностите и областите во кои може да се продолжи на поддшката конЦаринската управа, опфатени во стратешките приоритети за олеснување на трговијата, дигитализација и заштита на општеството, поддршка во активностите опфатени со ЦЕФТА и Отворен Балкан. Посебен акцент е ставен на активностите за воспоставување на заеднички гранични премини со Албанија и Косово, кои се важен дел од меѓународните активности кои Царинската управа ги спроведува во интерес на регионалниот развој.

 

1261120211
2261120212
3261120213
Previous Next Play Pause
1 2 3