Денес (10.11.2021 година), во просториите на Царинската Управа се одржа состанок помеѓу претставници од Македонски пошти и претставници од Царинска управа. Директорката на Царинската управа - м-р Славица Кутиров и директорот на Македонски пошти - Јани Макрадули, ја потврдија досегашната добра соработка помеѓу двете институции која беше оценета како неопходна и во интерес на олеснување на протокот на писмоносни и други пратки и заштита на безбедноста и здравејто на граѓаните на РСМ.

Тема на дискусија на состанокот беше понатамошната дигитализација и усогласување на електронските системи за размена на информации поврзани со пратките кои пристигаат преку Македонски пошти како носители на поштенски услуги во РСМ.Унапредувањето на размената на податоци и информации за пратките е и во насока на исполнување на обврските на Македонски пошти согласно меѓународните правила за поштенските пратки кои се од обврзувачки карактер.Присутните заклучија дека е потребно да продолжат средби на стручно-експертско ниво со цел целосна имплементација на меѓународните правила за писмоносните и други пратки кои ги превезува пошта.