Со цел да им се помогне на земјите за намалување на времето и трошоците за прекугранична трговија, Регионалните Комисии на Обединетите Нации спроведуваат  Глобална анкета за дигитални и одржливи трговски олеснувања.

Во најновиот Извештај, објавен од страна на Обединетите Нации, од спроведената анкета за 2021 година, во која најголемиот дел од прашањата се однесуваат на работењето на Царинска управа, Република Северна Македонија е рангирана најдобро во Јужна и Југоисточна Европа и високо на европско ниво.

Во Извештајот оценувани се пет категории: транспаретност, формалности, институционални договори и соработка, безхартиена трговија и безхартиена прекугранична трговија. Анкетата започна да се спроведува од 2015 година  на секои две години, а во 2021 година се спроведува врз основа на ажуриран прашалник, развиен од Регионалните комисии на ОН во соработка со UNCTAD, ICC, OECD и многу други институции кои соработуваат. Овогодинешното истражување опфаќа 58 мерки, вклучително и нов сет на мерки за „Олеснување на трговијата во време на криза“ кои се однесуваат на непосредни и долгорочни мерки насочени кон справување со кризни ситуации како пандемијата COVID-19.

Резултатите од истражувањето им овозможуваат на земјите да го следат напредокот во спроведувањето на мерките за одржливо и дигитално олеснување на трговијата и служат како база на докази за креирање политики помагајќи да се идентификуваат областите каде што се најпотребни напори за да се решат и преостанатите политички, правни, регулаторни и технички пречки. како потреби за градење капацитети и техничка помош. Земјите-членки можат да имаат корист од искуствата на другите земји и да учат од добрите практики.

На следниот линк може да се погледне целиот Извештај:

https://www.untfsurvey.org/region?id=ECE&fbclid=IwAR2yOgJlAs0Fi47usUddGqVeA08NmSPsVLDWTJqhjyKFkSIqbrLJqhATBqI