Оваа година во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, Царинската управа се вбројува меѓу трите највисоко оценети институции според постигнатиот напредок и високо ниво на подготвеност во исполнувањето на критериумите.

Потврден е постигнатиот добар напредок со континуираната консолидација, примена и надградба на ИТ системите во Царинската управа. Нотиран е напредокот во имплементацијата и промоцијата на концептот Овластен економски оператор (ОЕО), како и целосната функционалност и оперативна примена на безхартиено работење преку Електронскиот систем за обработка на царинските декларации и акцизни документи – СОЦДАД. Воспоставени се зелени коридори на клучниот граничен премин со ЦЕФТА земјите, обезбедувајќи непречен проток на стоки со појавувањето на кризата предизвикана од КОВИД-19.

Во наредниот период на Царинската управа и претстои интензивен ангажман во домен на консолидација и целосна примена на постоечките ИТ системи и нивна постојана надградба и обезбедување на деловен континуитет, како и целосна имплементација на ЦЕФТА Протоколот 5 за олеснување на трговијата преку проширување на овластувањето за ОЕО и целосно имплементирање на Акциониот план за Заеднички регионален пазар.

Повеќе за Извештајот и напредокот на Република Северна Македонија можете да погледнете на следниот линк: 

https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/north-macedonia-report-2021_en?fbclid=IwAR3dHxhpepLJ86Szto62ZsnAAo992IrQ0UefQxfLyHqSO5GVcQqRpZLAQf4