На вчерашната седница Владата ја донесе Стратегијата за развој на информатичко-технолошките и компјутерски системи на Царинската управа за периодот 2021 – 2025, со цел координиран и навремен развој и имплементација на националните системи во рамки на Царинската управа и за нивно поврзување со системите на ЕУ, а со цел остварување стратешките цели.

Исполнувањето на стратешките цели е во насока на реализација на Повеќегодишниот стратешки план на ЕУ за имплементација на е-Царина (MASP ) и усогласување со новиот Царински закон на ЕУ (Union Customs Code – UCC). Навремената реализација на активностите дефинирани во овој документ се дел од предусловите при исполнување на критериумите на Царинската управа за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија.