Денес, 30 јули, заменик директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија г. Муарем Асани, заедно со помошник директорот на Секторот за царински систем Златко Ветеровски и советникот на директорот Тони Станковски, беа во работна посета на компаниијата ДАУТИ-ТРАНСПОРТШПЕД АД Скопје. Целта на посетата беше доделување на Одобрение за Овластен економски оператор.

Статусот на ОЕО е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Северна Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Царинскиот орган, согласно утврдените критериуми во Царинскиот закон, а кога е потребно и по претходно извршени консултации со други надлежни органи на државната управа од областа на безбедноста и финансиите, одобрува статус на „овластен економски оператор“, за секој економски оператор регистриран во царинското подрачје на Република Северна Македонија.

Стекнувањето на статусот овластен економски оператор претставува сертифицирање на трговското друштво, како сигурен и безбеден партнер на Царинската управа и сигурен и безбеден партнер во меѓународниот и регионалниот синџир на снабдување. Штом ќе станете ОЕО, во меѓународната заедница ќе бидете препознатливи како кредибилен бизнис партнер. OEO компанијата нуди низа поволности како што се: намалени трошоци за трговски трансакции, приоритет при минување на граница, подобро управување и помалку контроли, меѓународно признавање и поголема вклученост во меѓународните трговски синџири

Царинската управа во континуитет ги охрабрува македонските компании да се здобијат со статус на овластен економски оператор и на тој начин придонесува за вклучување на македонските компании во глобалниот синџир на снабдување и зголемување на извозот.  Царинењето на стоките во прекуграничната трговија е од исклучителна важност за подобрување на конкурентноста, како на извозниците, така и  на увозниците. Досега 20 компании во Република Северна Македонија имаат статус на овластен економски оператор.

 

2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6