Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес беше во работна посета на Царинската испостава Аеродром Скопје - Царинарница Скопје.
За време на работната посета шефот на Царинската испостава Аеродром Скопје Александра Илиевска Мишковска, управникот на Царинарница Скопје Александар Петковски и помошникот управник на Царинарница Скопје Артан Весели низ кратки црти го запознаа со оперативните капацитети и потреби во склоп на оваа царинска испостава.
ЦИ Аеродром Скопје е испостава во чија што надлежност е спроведување на царинската постапка на Аеродромот Скопје и тоа на двата нејзини отсеци патнички и стоков. Во надлежност на ЦИ Аеродром Скопје стоков отсек се просториите за привремено чување на ТАВ, ДХЛ и УПС. На стоковиот отсек се спроведува царински надзор и постапка за стока која е во надлежност на испоставата. На патничкиот отсек се спроведува царинска контрола, а по потреба се врши и царинење на стоки во патнички промет.
Заменик директорот г. Муарем Асани беше информиран и за проектот преку ГИЗ кој во текот на изминатите три години се спроведе за забрзување на процесот на царинење на брзите пратки со што се намали времето на царинење за 50%. Со проектот царинските службеници однапред имаат информација за пратките кои пристигаат со што можат да направат навремена анализа на ризик пред пристигнување на пратките на аеродромот.