Во овогодинешниот извештај за инвестициска клима во земјава на американскиот Стејт департмент, Царинската управа e пофалена во делот на дигитализацијата со воспоставувањето на електронските системи кои допринесуваат кон автоматизирани процеси на електронско царинење кое на деловните субјекти им овозможува да го следат статусот на нивните апликации и максимално  ја намалува можноста за корупција. Оттука додаваат дека нема дискриминирачка политика за извоз или увоз што влијае на странските инвеститори и речиси 96 проценти од вкупната надворешно-трговска размена е неограничена.

Царинската управа на Република Северна Македонија во континуитет воведува нови информатички системи поврзани со спроведување на царинските постапки. Преку електронските процеси се елиминираат грешките од човечкиот фактор и можностите за коруптивни дејствија, а главна цел е да се постигне поедноставување и рационализирање на сите царински процеси и постапки преку имплементирање на електронска и бесхартиена околина.